Енис Барди
Енис Барди (роден на 2 јули 1995 во Скопје) — македонски фудбалер од албанска народност, играч од средниот ред на Леванте и на македонската фудбалска репрезентација. Клупска кариераРани годиниЕнис Барди е роден во Скопје. Своите фудбалски почетоци ги имал за екипата на ФК Шкупи. Во 2013 година заминал во младинската школа на ФК Брондби, но истата година потпишал едногодишен договор со шведскиот второлигаш ФК Преспа Бирлик[1]. За екипата на Преспа одиграл десет натпревари и постигнал пет погодоци, помагајќи екипата да се спаси од испаѓање[2]. ФК УјпештВо август 2014 година, Барди се преселил во редовите на унгарскиот клуб ФК Ујпешт,[3] потпишувајќи тригодишен договор кон крајот на месецот[4]. За клубот дебитирал на 14 септември, започнувајќи со загуба од 2-0 против ФК Видеотон. Барди го постигнал својот прв гол за Ујпешт на 24 октомври 2014 година во домашната победа од 3-2 против ФК Њиреѓхаза Спартак. Тој станал клучен играч во сезоната 2016-17, постигнувајќи 12 гола и станал најдобар стрелец во клубот. ЛевантеНа 17 јули 2017 година, Барди се согласил на тригодишен договор со шпанскиот клуб од ФК Леванте[5]. За новиот тим дебитирал на 21 август во домашната победа со 1-0 против ФК Виљареал.[6]. На 26 август 2017 година, Барди го постигнал својот прв гол во новиот клуб преку директен слободен удар во домашниот натпревар против Депортиво Ла Коруња кој завршил со резултат од 2-2[7]. На 23 април 2018, во победата со 3-1 на гостувањето кај Атлетик Билбао Барди постигнал два гола од слободен удар од речиси иста позиција во период од само две минути со кој му донел пресврт и водство на Леванте од 2-1, по почетната негатива на неговиот тим.[8] Репрезентативна кариераБарди ја претставувал Македонската фудбалска репрезентација под 18 години, до 19 години и 21 година пред да го има своето деби за сениуорската репрезентрација на 27 март 2015 година во квалификациската домашна загуба од 1-2 против Белорусија[9]. Со Фудбалската репрезентација на Македонија под 21 година учествувал на Европското првенство во фудбал за играчи под 21 година во Полска. Статистички податоциКлупски податоци
Репрезентативни податоци
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia