Ристо Јанков
Ристо Јанков (роден на 5 септември 1998 година) ― македонски фудбалер кој игра како голман за второлигашкиот романски клуб Политехника Јаши.[1] Клупска кариераЈанков бил унапреден во првата екипа на Работнички во 2015 година. Во август 2017 година, тој биле позајмен во Локомотива во Втората македонска фудбалска лига, пред да се врати во Работнички на почетокот на 2018 година.[2] Својот прв сениорски настап за Работнички во Првата македонска фудбалска лига го имал на 24 февруари 2018 година, влегувајќи како замена во 89. минута за Андреј Лазаров, откако почетниот голман Даниел Божиновски бил исклучен. Натпреварот завршил како победа на Работнички со 2–1.[3] Меѓународна кариераВо февруари 2021 година, Јанков бил избран да се приклучи на краткиот тренинг камп на репрезентацијата на Македонија во Тренинг центарот „Петар Милошевски“.[4] Следниот месец, Јанков го добил својот прв службен повик за репрезентацијата, како репрезентативец за квалификациските натпревари за Светското првенство ФИФА 2022 против Романија, Лихтенштајн и Германија.[5] Прво бил вклучен на репрезентативната клупа во нивниот натпревар против Лихтенштајн, кој завршил со победа на домашен терен со 5-0.[6] На 20 мај 2021 година, Јанков бил повикан од изборникот Игор Ангеловски да се придружи во репрезентацијата за одложената завршница на Европското првенство 2020,[7] првиот голем меѓународен турнир на фудбалска Македонија.[8] ПочестиРаботнички
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia