Тихомир Костадинов
Тихомир Костадинов (роден на 4 март 1997, во Валандово) — македонски фудбалер, играч од средниот ред на Пјаст Гливице и на македонската репрезентацијата. Клупска кариераРоден во Валандово, својата кариера ја започнал во соседна Србија во екипата на Моравац Мрштане, за која дебитирал како професионалец во второто ниво на земјата во сезоната 2014-2015.[1] Сепак, тој се вратил во Македонија за вториот дел од сезоната, каде играл за Тетекс од Тетово. Во летото 2015 година, се преселил во Словачка, каде ги поминал следните шест ипол години играјќи во првенството на таа земја за три различни екипи Дукла Банска Бистрица (2015-2016), Злате Моравце (2016-2017) и на крајот за Ружомберок, каде се задржал и најдолго од 2017 до 2022 година. Својот прв гол за Ружомберок го постигнал во победата со 3-0 на гостувањето против Сеница.[2] На 23 декември 2021, Костадинов потпишал за полскиот клуб Пјаст Гливице.[3] Своето деби во полската Екстракласа го направил на 26 февруари 2022, во натпреварот на домашен терен против Гурник Забже што завршил 0-0, заменувајќи го Рауно Сапинен во 65-тата минута. На 9 април 2022, во победата со 1-0 над Гурник Лечна, Костадинов претрпел тешка повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено;[4] десеттина дена подоцна, тој бил успешно опериран во Барселона, по што неговата прва сезона во Полска завршила предвреме со само 6 настапи за Пјаст Гливице.[5] Откако целосно ја пропуштил сезоната 2022-2023, Костадинов го направил долго чеканото враќање на терените за Пјаст Гливице на 24 ноември 2023, влегувајќи во игра како доцна замена во ремито 0-0 против Јагелонија Бјалисток, само неколку дена подоцна откако претходно настапил за репрезентацијата на Македонија против Англија. На 4 август 2024, Костадинов го постигнал својот прв гол во дресот на Пјаст, во првенствената победа со 1-2 на гостувањето кај Легија Варшава;[6] тој се појавил во игра од клупата за резерви во 79-тата минута при резултат 1-1, а шест минути подоцна го постигнал голот со кој и донел победа на својата екипа. Следниот месец, тој го постигнал својот прв гол и во Купот на Полска против нисколигашот Хутник Краков во првото коло од натпреварувањето.[7] Репрезентативна кариераСвоето деби за сениорската репрезентација на Македонија го направил во ноември 2019 во квалификациите за Европското првенство 2020 против Австрија.[8] Во 2021 година, бил повикан да настапи за Македонија на Европското првенство 2020.[9] Таму тој забележал два настапи, и двата влегувајќи како замена од клупата во првиот (против Австрија) и третиот натпревар (против Холандија) од групната фаза, по која неговата репрезентација била елиминирана од турнирот. Хронологија на репрезентативните настапиНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia