Сметан за еден од најталентираните играчи на својата генерација, препознатлив по неговото темпо, атлетичност, физичка сила и по ладнокрвната завршница,[4] Холанд израснал во младинскиот сектор на Брјуне, за кој го имал своето професионално деби, пред да се пресели во Молде во 2017 година, каде што играл две сезони. Во 2019 година, тој бил купен од Салцбург, со кој ги освоил првенството и купот на Австрија во сезоната 2018-2019. На почетокот на 2020 година, тој се пресели во Борусија Дортмунд, каде го освоил Купот на Германија во сезоната 2020-2021 и се наметнал како еден од најплодните млади напаѓачи во светот.[5] Две години подоцна тој му се приклучил на Манчестер Сити.
Тој е напаѓач со добра техника,[13][14] брзина[13] и физичка сила.[13][14] Има одличен осет за гол,[14] опасна лева нога,[15] додека неговите 194 см му овозможуваат да биде закана по голот на противниците во играта со глава.[15]
Моќта на неговите удари ги прави тешки за бранење,[13] а покрај тоа тој е добар и во вметнување во просторите што ги оставаат противничките одбранбени играчи.[13] Често знае да се истакне и како асистент за својте соиграчи поради добрата визија за играта.[13][16] Халанд ги навел Кристијано Роналдо, Мичу, Џејми Варди и Робин ван Перси како инспирација,[17] како и шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ со кого често е споредуван поради потеклото (Скандинавија), конституцијата и стилот на игра.[18]
↑Cross, Beren (9 July 2018). „Wonderkid Haaland would pick Leeds United over Man Utd every time“. Leeds Live. Архивирано од изворникот 16 April 2021. Посетено на 22 November 2019. Erling Braut Haaland was born in Leeds in July 2000, a short time after his father, Alf-Inge, departed Elland Road for Manchester City after three years in West Yorkshire.