УЕФА коефициентиВо Европскиот фудбал УЕФА-коефициентите се рангирање користено за квалификување на во тимските и меѓународните натпреварувања. Коефициентите ги пресметува УЕФА, која раководи со фудбалот во Европа. Таа користи три различни коефициенти :
Коефициент на репрезентацијатаПред ЕУРО 2008Репрезентацијатаски коефициент се добива од резултатите на фудбалската репрезентација. Сè до крајот на ЕУРО 2008, тој беше пресметуван со делење на бројот на освоени бодови (три бода за победа, еден за нерешено) со бројот на изиграни натпревари во последните два квалификациони циклуси за Светско или Европско првенство. Плеј-оф натпреварите се игнорирани. За некои државни репрезентации ќе бидат земен предвид само еден квалификационен циклус, ако биле домаќини на едно од последните две натпреварувања. Овај коефициент УЕФА го користи за да определил во кој "шешир" ќе биде во извлекувањето за квалификациите за Европско првенство, а и во Европското првенство. Неговата корист како критериум во извлекувањата од страна на ФИФА завршија кого извршувачкиот комитет на УЕФА одлучи да ја следи директивата на ФИФА и да ги користи ранкинзите на ФИФА во извлекувањата за групите во квалификационата рунда за Светско првенство во фудбал 2010. Секој тим од истиот "шешир" мора да биде во различна квалификациона група, ова го спречува среќавањето на големите репрезентации уште пред завршното натпреварување. Ако две или повеќе асоцијации имаат ист коефициент, ќе се примени следниов критериум:
После ЕУРО 2008На 20 мај 2008 УЕФА ги објави измените во системот на рангирање.[1][2] Под новиот систем, тимовите добиваат бодови за секој изигран меч во петте неодамнешни квалификации иливо завршницата на Светско или Европско првенство.
На почетокот од ЕУРО 2008 измерените коефициенти беа:[2]
Коефициент на националната лига![]() Уефа држави-членки кои биле претставувани во фазата по групи УЕФА држави-членки кои не биле претставувани во фазата по групи Не се УЕФА членки Лигашкиот коефициент се користи за да се рангираат лигите во Европа, а со тоа да се одредат колку тимови ќе се натпреваруваат во Лигата на Шампиони и Европската Лига. УЕФА ранкингот го определува бројот на тмови кои ќе учествуваат во Европските натпреварувања во сезоната после наредната, не сезоната после објавувањето на рангирањето. Тоа значи дека рангирањето објавено во 2009, ги одлучува кандидатите за во сезоната 2010/11, не во сезоната 2009/10. Коефицџиентот се одредува според достигнувањата на клубовите од секоја лига во Лигата на Шампиони и Европската Лига во последните 5 години. Бројот на бодови во секоја сезона ( 2 за победа; 1 за нерешено) се дели со бројот на тимови коишто играле во таа сезона од истата држава. Овој број се заокружува на три децимали (пр. 2 2/3 ќе биде заокружено 2,666) За да се добие лигашкиот кофициент треба да се соберат сезонските кофициенти од последните 5 години. Во прелиминарните групи во двете натпреварувања, Лигата на Шампиони и Европската Лига бодовите се преполовени. Бонус бодови се доделуваат за:
Бонус бодовите се додаваат на вкупниот број бодови добиени во таа сезона. Моментален ранкинг (2010/11 натпреварувања )Според 27 мај 2009
1 Лихтенштајнската Фудбалска Асоцијација не организира национално лигашко натпреварување. Единствениот претставник од Лихтенштајн во европските натпреварувања е победникот во Лихтенштајнскиот Куп, кој игра во УЕФА Европската Лига. Сите Лихтенштајнски тимови играат во соседните Швајцарски натпреварувања.. Историја![]() Од 1960, кога беше првпат воспоставено 5-годишното пресметување на коефициентите, само 4 лиги успеале да бидат најдобра Европска Лига. Табелата в десно ја покажува историјата на првопласините лиги според УЕФА коефициентите. Наредната табела го покажува вкупниот бројот на години во кои успеале да се задржат на првото место:
Клупски коефициентКлупскиот коефициент се одредува според резуктатите на тимот во последните 5 сезони во Европскиоте натпреварувања и лигашкиот коефициент. Клупскиот коефициент е 33% од лигашкиот коефициент, плус бодовите освоени во текот на 5-те сезони. Пред 2004, учеството на лигашкиот коефициент беше 50%. Бројот на освоени бодови во прелиминарните рунди не се брои.[3] Клубовите добиваат 2 бода за победа и 1 за нерешено во фазата за завршното натпреварување во Европските натпреварувања. Учеството во фазата по групи во Лигата на Шампиони се наградува со 3 бода. За достигнување на секоај елиминациона рунда во Лигата на Шампиони или четврт-финале и секоја наредна во УЕФА Купот се наградува со по 1 бод за секоја.[4]. Овој ранкинг УЕФА го користи за да одреди во кој "шешир" припаѓаат во прелиминарната и првата рунда од Лигата на Шампиони и прелиминаната, првата и втората рунда во Европската Лига. Пред 1999 најдобрите тимови во УЕФА Купот беа распоредувани така што тие да не се сретнат во првите две рунди. Да се одредат овие тимови се пресметува збирот на соодносот помеѓу бројот на бодови и бројот на натпревари кои ги изиграл тимот во последните 5 години. м Најдобрите 20 тимови според 27 мај 2009 се следниве[5]:
Најдобри клубови по периодиСписок на тимови коишто биле најдобро пласирани во секој 5-годишен период.
Белешки
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia