Железнички пруги во Македонија![]() Железнички линии во Република Македонија се распространети кон сите географски правци во државата, од кои една железничка линија е меѓународна, а уште 2 се меѓудржавни. Ширината на колосекот е нормална 1435 мм, а просечната брзина со која се движат возовите на железничките линии во Република Македонија е 80 км/ч. На меѓународната железничка линија од коридор Х, овозможена е брзина до 100 км/ч, а поради дотраеноста и лошата состојба на пругата Скопје - Кичево брзината на возовите е ограничена до 60 км/ч (на еден дел и до 70 км/ч). Единствена електрифицирана железничка линија во Република Македонија е меѓународната пруга од коридор Х, на потегот од Табановци до Гевгелија. Детален преглед на железничките линии во Република Македонија, со сите железнички станици и стојалишта:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia