Сува Гора (Преспа)Оваа статија се однесува на планина во Мала Преспа. За планината во северозападна Македонија, погл. Сува Гора.
Сува Гора или Сува Планина (албански: Mali i Thatë) — планина во Мала Преспа, југоисточна Албанија со мал крак во околината на Љубаништа и Свети Наум во Охридско, југозападна Македонија и дел во Долна Преспа, Егејска Македонија. Висока е 2.288 м и претставува јужно продолжение на Галичица. Се граничи со Преспанското Езеро на исток, Охридското Езеро на северозапад и гледа кон градот Поградец на запад. Се протега во должина од 25 км во правец север-југ, а широка е 8 км во средишниот дел. Највиско место на планината е Вир (Pllaja e Pusit), на нешто поголема височина од врвот на самата Галичица во потесна смисла. Од овој врв се гледаат неколку планини во Албанија, Охридското и Преспанското Езеро, како и планината Баба на Пелистер (2.601 м) — трета по висина во Македонија. Планината има антиклинален облик и е речиси целосно сочинета од мезозојски варовнички образби.[2] Падините се карпести и каменливи (особено од западната страна), додека пак билото е речиси рамно, но полно со карстни шуплини. СртовиПланината има неколку сртови со одделно име кои се вон нејзиниот средиштен дел: Дева (1.373 м), Калуѓер (1.480 м), Слива (1.414 м) и Цуцул (1.455 м). ПланинарењеПланината најдобро се искачува од страната на Поградец, почнувајќи од селото Аларуп, преку с. Грабовица па на исток до селата Блаце и Братомир.[3] Растителност и ресурсиРастителноста на Сува Гора претежно се состои од пасишта, додека источната страна кон Пустец е обрасната со буково-дабови шуми и честак. Кај селото Горна Горица почвата е богата со железната руда боксит и наоѓалишта на креда.[2] Историски настаниВо Албанската буна од 1911 г. на Сува Гора се одвивале борби, во кои влашката чета на војводата Спиро Белкамени го поразила отоманскиот контингент. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia