Волкодери
Волкодери — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен, сместено во близина на брегот на Големото Преспанско Езеро. Потекло на иметоВо врска со името на селото, Влоѓимјеж Пјанка напишал дека е етничко и хумористично со значење „луѓе кои дерат волци“, а како топоним примарно име. Меѓутоа, во преспанските говори ова име може да има и друго значење „место каде завиваат (се дерат) волците“, како Волковија (Гостиварско) и слично. Волкодерци немаат свое сознание ниту легенда за настанувањето на името на нивното село.[2] Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во југозападниот дел на Ресенското Поле, на околу 1 километар северно од брегот на Големото Преспанско Езеро, на надморска височина од околу 860 метри. Селото е сместено од десната страна на патот Битола-Корча.[2] Околу седумдесеттите години на XX век, селото било преместено. Негова претходна местоположба била месноста Волкодери (Старо Село), на околу 1 километар северозападно од денешната (во мала долина во подножјето на Галичица), на која сè уште постојат стари куќи. Преместувањето настанало заради потребата од доближување до патната комуникација.[2] Волкодери се граничи со следниве села: со Покрвеник на север, на исток и на запад и со селото Шурленци и самото Преспанско Езеро на југ.[2] Атарот на Волкодери зафаќа површина од 582 (околу 5,82 км2) и зафаќа рамничарско плодно и ридско-планинско земјиште обраснато со листопадна шума (претежно даб и бука) и помали пасишта во поширокиот реон на месностите Церемушина, Тагарско Јамје, Ветерник и Подвар. Од вкупната површина на атарот: 100,8 хектари се обработливо земјиште, 32,2 хектари пасишта и 140,4 хектари шума.[2] Волкодери е село од собран тип со 15 куќи, сите новоизградени, на приземје и кат, внатре современо опремени, главно со бели фасади. Околу куќите постојат разновидно оградени дворни места во кои се изградени стопански и други објекти (гаражи, магацини, летни кујни и др.) и парцели на зеленчукови, овошни и цветни градини.[2] ИсторијаВолкодери е старо христијанско село во кое секогаш живееле православни Македонци. Под ист облик на денешното име (Волкодери) неговото постоење е забележано во повеќе извори од различни периоди.[2] Во XIX век, Волкодери се наоѓало во Битолската каза, нахија Горна Преспа, во Отоманското Царство. До 1912 година, Волкодери било под турска власт, а во тој склоп и беговски чифлик. Во текот на подготовките за Илинденското востание учествувало со своја востаничка чета раководена од војводата Петруш Стрезов (од Ресен). Во текот на востанието загинале двајца, а селото било ограбено и изгорено (19 куќи).[2] Во Првата балканска војна (ноември 1912), селото се нашло под српска власт, а во текот на Првата светска војна под бугарска окупација. Подоцна, со поместувањето на фронтот, низ селото поминале и војските на Антантата. Во текот на војната, волкодерци биле мобилизирани во војските на спротивставените страни. Имало ранети и загинати.[2] По завршувањето на Првата светска војна, Покрвеник повторно се нашло под српска власт. Во периодот помеѓу двете светски војни, Волкодери било во состав на општината Стење.[2] Во Втората светска војна селото паднало под окупација на фашистичка Италија (мај 1941 година), со што се нашло во составот на т.н. Голема Албанија. По капитулацијата на Италија (8 септември 1943 година) паднало под окупација на фашистичка Бугарија, под која останало до ослободувањето на 5 септември 1944 година. Загинал еден жител.[2][3] Волкодери никогаш немало своја училишна зграда, децата учеле во соседното село Покрвеник, а денес во Царев Двор. Со телевизиски прием селото се здобило во 1965 година, со систем за наводнување во 1957 година, со електрична енергија во 1970 година, со асфалтен пат во 1975 година, а со телефонски приклучоци во 1988 година.[2] Стопанство![]() Волкодерци главно се занимавале со поледелство, сточарство и печалбарство. Во рамките на поледелството најмногу се произведувале жито (’рж, пченица, јачмен, пченка) и зеленчук (пипер, патлиџан, праз, кромид, лук, зелка и др.), а денес најразвиено е овоштарството. Во рамките на сточарството се одгледувале волови, крави, коњи, свињи, овци и кози. Сточарството денес е целосно замрено.[2] Население
Во текот на своето постоење, Волкодери го бележело следниот демографски развој: во 1519 година селото имало 35, а во 1583 година 27 семејства (М. Соколовски); во 1889 година 11 куќи, 16 семејства и 76 жители (С. Верковиќ).[2] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Волкодери имало 90 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Волкодери имало 80 жители.[5] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Волкодери се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 22 куќи.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[7] Според пописот од 2002 година, во селото Волкодери имало 114 жители, сите Македонци.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 88 жители, од кои 85 Македонци, 1 останат и 2 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиДенешниве волкодерци се потомци на следниве постари семејства: Болнци (доселени од Болно по Првата светска војна), Горичани (доселени од Горица во 1918 година), Кочовци (староседелци), Карапалевци (доселени од Шурленци околу 1980 година) и Мишовци (доселени од Покрвеник).[2] Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Ресен, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Ресен. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Ресен. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Ресен. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Царев Двор, во која покрај селото Волкодери, се наоѓале и селата Горно Дупени, Дрмени, Евла, Коњско, Лавци, Лескоец, Отешево, Перово, Покрвеник, Прељубје, Стење, Стипино, Царев Двор и Шурленци. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Покрвеник, во која влегувале селата Волкодери, Отешево, Покрвеник, Прељубје и Шурленци. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1668 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 75 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости![]()
ИселеништвоДо 1949 година две семејства се иселиле во Америка.[14] Галерија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia