Илов (Источна Фризија)За други истоимени места, погледајте Илов.
Илов (германски: Ihlow; источнофризиски долносаксонски: Îl) — општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 8 километри југозападно од окружниот град Аурих и 15 километри источно од безокружниот град Емден. ГеографијаМестоположбаИлов се наоѓа во јужниот дел на округот Аурих во Источна Фризија. Со површина од околу 123 км², Илов е осма најголема општина во Источна Фризија и четврта најголема во округот Аурих по окружниот град, Крумхерн и Гросефен. Главното место Иловерфен се наоѓа осум километри југозападно од окружниот град Аурих и околу 15 километри североисточно од Емден. Општински единициОпштината се состои од дванаесет единици, кои се делат на помали места.
Соседни општиниСоседни градови и општини на Илов се (од запад, надесно) безокружниот град Емден, општината Зидброкмерланд, градот Аурих, општината Гросефен (сите во округот Аурих), како и општината Мормерланд во округот Лер. Галерија
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia