Норден (Источна Фризија)За други истоимени места, погледајте Норден.
Норден (германски: Norden; источнофризиски долносаксонски: Nörden) — град во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на брегот на Северното Море, во областа Источна Фризија. ГеографијаМестоположбаГрадот Норден, најсеверозападниот град на германското копно, зафаќа површина од 104,39 квадратни километри во северозападниот дел на Источна Фризија во Долна Саксонија. Најголемото растојание север-југ е 21 километар, додека исток-запад изнесува околу 13 километри. Највисока точка во Норден е 9,5 метри. Пред брегот се наоѓаат островите (од исток кон запад) Нордернај, Јист и Мемерт. Помеѓу брегот и островите се наоѓа Ваденското Море, кое како дел од националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“ од јуни 2009 година е прогласен за светско природно наследство на УНЕСКО.[2] Југозападно од градот се наоѓа Лајскиот Залив. Соседни општини на копното се (од исток кон југозапад, надесно) Хагермарш, Литетсбург и Халбемонд (сите во општинската заедница Хаге), Лецдорф и Остел (обете во општинската заедница Брокмерланд), како и општината Крумхерн. Интересно е дека границата со општината Лецдорф е во должина на една улица. Градски единициНорден се состои од градското јадро и десет официјални градски единици. Градското јадро се наоѓа околу стариот градски центар на поранешната општина Зандбауершафт со градските единици Екел, Линтел и Вестгасте. Други единици се Баргебург, Лајбухтполдер, Нојвестел, Норддајх, Остермарш, Зидернојланд I, Зидернојланд II, Тидофелд, Вестермарш I и Вестермарш II. КлимаКлимата во градот е под директно влијание на Северното Море. Лете дневните температури се пониски, додека зиме често се повисоки отколку внатре во копното. ПолитикаГрадски советГрадскиот совет се состои од 34 избрани членови. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:
ГрадоначалникОд 26 септември 2021 година, градоначалник на Норден е Флоријан Ајбен (SPD).[3] Градоначалници од 1945 година биле:[4]
Збратимени градовиНорден е збратимен со следниве градови:
Познати луѓе
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia