Зидброкмерланд
Зидброкмерланд (германски: Südbrookmerland) — општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 7 километри западно од окружниот град Аурих. Нејзиното седиште е во селото Викторбур. Општината била основана на 1 јули 1972 година во рамки на административната реформа на Долна Саксонија со спојување на десет поранешни општини, кои денес се места во Зидброкмерланд. Таа денес е трета најголема општина по број на жители во округот, зад градовите Аурих и Норден. ГеографијаМестоположбаЗидброкмерланд се наоѓа во северозападниот дел на Германија во областа Источна Фризија, во средишниот дел на округот Аурих и триаголникот на градовите Аурих, Емден и Норден. Со градовите Аурих и Емден, општината се граничи непосредно. Општината има површина од 96,8 квадратни километри, со што е на 15. место по површина од сите источнофризиски општини. Во рамки на округот Аурих, Зидброкмерланд е шеста најголема опшштина по Аурих, Крумхерн, Гросефен, Илов и Норден. Административното седиште на општината е во Вест-Викторбур, кој се наоѓа околу девет километри западно од Аурих и околу 18 километри североисточно од Емден. Големи градови во близина се Олденбург, Бремен и Гронинген. Соседни општиниОпштината се наоѓа средишно во округот Аурих и се граничи на југозапад со општината Хинте, на запад и северозапад со општините Вирдум, Упгант-Шот и Рехтсупвег (сите три припаѓаат на општинската заедница Брокмерланд), на север со општината Гросхајде, на исток со градот Аурих и на исток и на југ со општината Илов. Сите општини припаѓаат на округот Аурих. На југ, општината во мал дел се граничи со безокружниот град Емден. Општински единициЗидброкмерланд се состои од десет поранешни општини и кои до административната реформа во 1972 година биле самостојни општини.[2] Три најголеми места се[3] Мордорф (6.436 жители), Викторбур (3.966 жители) и Минкебе (1.753 жители). Викторбур е административното седиште на општината. Општината е составена од следниве места.
Бројките за жители се од 1 јули 2008 година. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia