Висмор
Висмор (германски: Wiesmoor) — град во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на каналот Нордгеоргсфен и е најнов град во областа Источна Фризија, добивајќи ги градските права на 16 март 2006 година, а два дена подоцна ја прославил стогодишнината од основањето на населбата. Градот го должи својот развој на индустријализацијата на производството на тресет од околните мочуришта. ГеографијаМестоположбаВисмор се наоѓа во северозападниот дел на Германија во средиштето на историската област Источна Фризија. Оддалеченоста од Северното Море изнесува околу 30 километри. Поголеми градови во околината се Вилхелмсхафен (околу 30 километри североисточно), Олденбург (околу 45 километри југоисточно), Бремен (околу 80 километри југоисточно), како и Гронинген (околу 80 километри југозападно). Вкупното градско подрачје на Висмор се протега на површина од 82,99 квадратни километри. Најголемо растојание на градското подрачје во насока север-југ изнесува околу 11 километри, додека во насока запад-исток е околу 7 километри. Со 161 жител на квадратен километар, Висмор во споредба со многу други градови е слабо населен. Соседни општиниВисмор се наоѓа во средишниот дел на Источнофризискиот Полуостров, сместен во крајниот југоисточен дел на округот Аурих. Градот покрај Илов е една од двете општини во округот Аурих, кои се граничат со два округа. На исток се граничи градот со општината Фридебург (округ Витмунд), на југ со општината Упленген (округ Лер). Западно од Висмор се наоѓа општината Гросефен, северно се наоѓа окружниот град Аурих (односно неговата единица Брокцетел), обата во округот Аурих. Градски единициВисмор се состои од градското јадро (Висмор Мите) и други десет градски единици. Градски единици на Висмор се:[2]
КлимаКлимата во градот е под директно влијание на Северното Море. Лете дневните температури се пониски, додека зиме често се повисоки отколку внатре во копното. ПолитикаГрадски советГрадскиот совет се состои од 30 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 12.001 и 15.000 жители.[3] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[4]
ГрадоначалникГрадоначалник на градот Висмор е Свен Либерс (независен).[5] Збратимени градовиВисмор е збратимен со следниве градови: Цветен фестивалЦветниот фестивал во Висмор првпат се одржал во 1952 година. Оттогаш се одржува секоја година во првиот викенд во септември (од четврток до понеделник). Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia