Крумхерн
Крумхерн (германски: Krummhörn) — општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа близу устието на реката Емс, околу 15 километри југозападно од градот Норден и 10 километри северозападно од безокружниот град Емден. ГеографијаОпштината се наоѓа непосредно на реката Емс, која се влива во Северното Море западно од местото. Административното седиште на општината, Певзум, се наоѓа околу 10 километри северозападно од безокружниот град Емден и 15 километри јужно од градот Норден. Окружниот град Аурих се наоѓа околу 26 километри источно од местото. Со површина од 159,2 квадратни километри, Крумхерн е петта најголема општина во Источна Фризија и втора најголема во округот Аурих. Општински единициОпштината Крумхерн се состои од деветнаесет единици, кои до општинската реформа во 1972 година биле самостојни општини. Секоја од овие поранешни општини се состои од повеќе имоти/места, вкупно повеќе од 150. Општината се состои од следниве места (бр. на жители на 31 декември 2018 г.):
Главното место – и со околу 3.200 жители најголемо место – во општината е Певзум. Гретзил (1.328 жители) поседува туристички потенцијал. Останатите 17 села се значително помали. Соседни општиниКрумхерн се граничи на север со градот Норден, на исток со општината Остел, една ексклава на општината Упгант-Шот и со општината Вирдум (сите три во општинската заедница Брокмерланд). На југоисток се граничи со општината Хинте. Сите овие места се наоѓаат во округот Аурих. На југ општината се граничи со безокружниот град Емден, а западно од Крумхерн се наоѓа Емс. На спротивниот брег од Емс се наоѓа холандскиот брег помеѓу градот Делфзејл и Емсхавен. Заштитени подрачјаНа северозападниот раб од Крумхерн кај Гретзил се наоѓа заштитеното подрачје „Лајхерн“, кое зафаќа површина од 650 хектари.[2] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia