Данило Луис да Силва
Данило Луис да Силва (роден на 15 јули 1991 во Бикас) — бразилски фудбалер, играч од одбраната на Фламенго и на бразилската репрезентација. Технички карактeристикиБек кој може подеднакво добро да игра на двете страни,[3] опремен со одлични тркачки способности и добра поединечна техника, во младоста способен да игра и како десно крило.[4] Под водството на Андреа Пирло во Јувентус, тој бил користен како трет централен дефанзивец, покажувајќи визија и способност за долги додавања и ефективно да стане дополнителен играч во средниот ред во фазата на градење на акциите.[5] Покрај тоа, тој бил користен и како медијано кога било потребно, со должности за рушење на играта на противникот и враќање на топката и како чист централен дефанзивец во одбрана со 4 играчи.[4] КариераПочетоци и СантосДанило е роден во Бикас, Минас Жераис. Во младинските години од својата кариера тој играл за екипите на Тупинамбас и Америка Минеиро,[6] а со вториот клуб се натпреварувал и на сениорско ниво во Кампеонато Минеиро и во бразилската Серија Ц, која ја освоиле во 2009 година и избориле промоција.[7] ![]() Во мај 2010 година, Данило се преселил во Сантос. Своето деби за новиот клуб го направил на 21 јули 2010, влегувајќи како замена на полувремето на местото на Марањао, во поразот со 2-0 од Атлетико Паранаенсе во лигата. Својата прва сезона во клубот ја завршил со 26 настапи и 4 гола во лигата. Во 2011 година, Данило ја освоил Кампеонато Паулиста - неговиот прв трофеј со клубот - и дебитирал во Копа Либертадорес. Во април 2011 година, тој постигнал гол во три последователни натпревари од Копа Либертадорес против екипите на Коло Коло, Серо Портењо и Депортиво Тачира.[8] Данило ги одиграл комплетните 90 минути од двата натпревари од Финалето на Копа Либертадорес 2011 против уругвајскиот Пењарол, првиот како централен играч од средниот ред а вториот како десен бек, и го постигнал решавачкиот гол во победата со 2-1 на домашен терен по ремито без голови во првиот натпревар одигран во Монтевидео.[9] Порто![]() На 19 јули 2011 година, Данило бил купен од Порто за 13 милиони евра,[10][11] а во договорот кој тој го потпишал со клубот била вметната откупна клаузула од 50 милиони евра.[12] Данило останал во Сантос до декември 2011 година за да се натпреварува на Светското клупско првенство.[13] Своето деби за португалците го направил на 22 јануари 2012, влагувајќи како замена во второто полувреме во победата на домашен терен со 3-1 над Виторија Гимараеш.[14] Првично, тој бил замена на Кристијан Сапунару, но наскоро се утврдил како прв избор и заедно со неговиот сонародник Алекс Сандро (кој пристигнал во клубот исто така од Сантос во исто време како и Данило), кој бил прв избор по левата страна, претставувале едни од најдобрите бековски тандеми во Европа.[15] Со Порто, Данило освоил две титули во португалското првенство (2011–2012, 2012–2013) и два Суперкупа на Португалија (2012 и 2013). Реал Мадрид и Манчестер СитиНа 31 март 2015, било објавено дека Данило во јули 2015 ќе му се приклучи на Реал Мадрид откако потпишал шестгодишен договор со клубот во трансфер вреден 31.5 милиони евра.[16][17] Своето деби за кралевите го имал на 23 август, во ремито без голови против новакот во лигата Спортинг Хихон, во првото коло од новата сезона во шпанското првенство.[18] На 24 октомври го постигнал својот прв гол за Реал, во гостинската победа со 3-1 над Селта.[19] Во неговата прва сезона во Мадрид, Данило придонел во освојувањето на Лигата на шампионите, забележувајќи 7 настапи за Реал Мадрид во ова натпреварување. Во финалето против Атлетико Мадрид, тој влегол како замена за повредениот Дани Карвахал во почетните минути од второто полувреме, а по конечните 1-1 Реал ја освоил титулата поразувајќи ги градските соперници по изведување на пенали.[20] Следната сезона Данило забележал 17 настапи и еден гол помагајќи му на Реал Мадрид да ја освои шампионската титула во Примера Дивисион,[21] за првпат во последните пет години.[22][23] Тој исто така одиграл и три натпревари во Лигата на шампионите, каде кралевите успеале да ја одбранат титулата победувајќи го Јувентус во финалето, во кое Данило останал на клупата како неискоритена замена. ![]() На 23 јули 2017 година, Данило потпишал петгодишен договор со англискиот Манчестер Сити,[24][25] а сумата на трансферот изнесувала 26.5 милиони фунти.[26] Својот прв гол за Сити го постигнал на 23 декември, во победата со 4-0 на домашен терен против Борнмут.[27] Во двете сезони како фудбалер на Манчестер Сити, Данило освоил две титули во Премиер лигата (2017-2018, 2018-2019), два Лига купа (2017-2018, 2018-2019) и еден ФА Куп (2018-2019), но времето поминато во клубот најчесто го поминувал на клупата како резерва на Кајл Вокер. ЈувентусНа 7 август 2019, Данило се преселил во Јувентус за 37 милиони евра, потпишувајќи петгодишен договор со клубот од Торино.[28] Во договорот бил вклучен и Жоао Кансело, кој се преселил во спротивна насока од Јувентус во Манчестер Сити.[29] Своето деби за Јувентус го направил на 31 август, во натпреварот против Наполи (4-3) во Серија А заменувајќи го повредениот Матија Де Шиљо во 15-тата минута, а само 28 секунди подоцна го постигнал својот прв гол за клубот; голот бил најбрзиот постигнат од страна на странски играч во историјата на Серија А.[30] Во вториот дел од сезоната, тој постигнал уште еден одлучувачки гол на гостувањето кај Сасуоло на 15 јули 2020 година во ремито 3-3 на Стадионот Мапеи, а на крајот на сезоната ја освоил својата прва титула во италијанското првенство. ![]() Во втората сезона од неговата црно-бела авантура, дошло до промена во тренерското водство од Маурицио Сари во Андреја Пирло што му помагнало на Бразилецот, кој во новата улога на трет централен дефанзивец составува низа убедливи изведби, кои го прават еден од камен-темелниците во составот на бјанконерите и незаменлив шраф на тактичко ниво. На 10 јануари 2021 година, тој го пронашол својот прв гол за сезоната, погодувајќи ја мрежата на Сасуоло со прекрасен удар од далечина со што го отворил резултатот во натпреварот за потоа да даде и асистенција за голот на Кристијано Роналдо со кој бил поставен конечниот резултат 3-1 за Јувентус.[4][31] Десет дена подоцна, го освоил својот втор италијански трофеј, со победата во Суперкупот на Италија со 2-0 против Наполи.[32] На 19 мај, со Јувентус го освоил и Купот на Италија, победувајќи ја Аталанта во финалето.[33] Во сезоната 2021-2022 Јувентус не го започнал најдобро патувањето во лигата и бил принуден уште од првите денови да ги брка директните противници. Во оваа клима, дополнително комплицирана со продажбата на Кристијано Роналдо откако сезоната веќе почнала, како и со третата промена на тренерот во три години, со враќањето во Торино на Масимилијано Алегри, Данило се потврдува како еден од најважните играчи во соблекувалната, вистински „сенатор“ на тимот.[34] На 6 ноември 2021 година, за време на победата на домашен терен од 1-0 против Фјорентина, во последните минути, кога Пауло Дибала го напуштил теренот, за првпат Данило ја добил и ја носел капитенската лента на Јувентус.[35] На 13 февруари 2022 година, го постигнал својот прв гол во сезоната спасувајќи го својот тим од пораз во судиското надополнување од натпреварот на гостински терен против Аталанта,[36] додека на 12 март стигнал до бројката од 100 настапи во црно-белиот дрес во сите натпреварувања.[37] Во сезоната 2022-2023, со оглед на збогувањата на Џорџо Кјелини и Пауло Дибала, како и физичките проблеми што го принудуваат новиот капитен Леонардо Бонучи да пропушти голем број натпревари од сезоната, Данило, сега веќе препознаен како харизматичен „водач“ од соблекувалната на Јувентус, често излегува на теренот со капитенската лента на раката.[38][39] На 7 јануари 2023 година, Данило го постигнал победничкиот гол во натпреварот на домашен терен против Удинезе (1-0), помагајќи им на Јувентус да ја продолжат победничката серија и да стигнат до осмата победа во низа во првенството.[40] Во вториот дел од сезоната, Данило продолжил да биде лидер на Јувентус иако клубот зафатен со проблеми надвор од теренот (им биле одземени 10 бодови) не бил конкурентен завршувајќи само на седмото место. Данило пропуштил само еден натпревар во Серија А и ја одиграл сезоната со најмногу настапи по доаѓањето во Европа со 54 одиграни натпревари. Во сезоната 2023-2024, тој дефинитивно бил промовиран во нов капитен на Јувентус:[41] на тој начин, бразилецот станал, со исклучок на ориундите Монти и Сивори, првиот странски капитен во историјата на клубот од Торино. Во оваа улога, на крајот на сезоната тој го подигнал трофејот во Купот на Италија, негов втор во кариерата, по победата со 0-1 над Аталанта во финалето во Рим.[42] Промената на тренерската клупа со заминувањето на Алегри и доаѓањето на Тијаго Мота во летото 2024 година, и покрај ветувачкиот почеток, довела до тоа Данило постепено да се спушти во хиерархијата при одбранбениот оддел на Јувентус.[43] Така, наоѓајќи се надвор од идните планови на клубот,[44] нему му била одземена лентата во корист на новиот капитен Мануел Локатели,[45] а на 27 јануари 2025 година, го раскинал договорот шест месеци пред неговиот истек. Данило го напуштил Јувентус по пет и пол години, во кои настапил на 213 натпревари за клубот и постигнал 9 гола, освојувајќи една титула во Серија А, еден Суперкуп на Италија и два Купа на Италија.[46] ФламенгоНа 29 јануари 2025 година, Данило се вратил во Бразил по тринаесет години, приклучувајќи му се на Фламенго.[47] Репрезентативна кариера![]() Данило најпрво настапувал за бразилската репрезентација под 20 години. Во 2011 година, со оваа репрезентација тој го освоил Јужноамериканското првенство за играчи под 20 години 2011, исто така, постигнувајќи гол во последната победа со 6-0 против Уругвај.[48] На 17 јуни 2011, селекторот на репрезентацијата под 20 години Неј Франко го повикал Данило за Светското првенство под 20 години 2011 кое се одржало во Колумбија.[49] На 29 јули во првиот натпревар на караоките на турнирот тој постигнал гол во ремито 1-1 против Египет. На 14 август тој бил еден од четворицата прецизни изведувачи на пенали во победата над Шпанија, откако по 120 минути натпреварот завршил нерешено 2-2 Бразил бил поуспешен при изведувањето на пеналите и се пласирал во полуфиналето каде три дена подоцна го совладале Мексико. На 20 август, на стадионот Ел Кампин во Богота, Бразил ја освоил светската титула во категоријата до 20 години победувајќи ја Португалија во финалето со 2-3 по продолженија. Севкупно, тој собрал 15 настапи за бразилската репрезентација под 20 години: 8 на Јужноамериканското првенство и 7 на Светското првенство, со два постигнати гола постигнати против Уругвај и Египет. Во септември 2011, тој за првпат бил повикан од Мано Менезес, селекторот на сениорската репрезентација, започнувајќи како стартер во дербито против Аргентина во Суперкласико де лас Америкас што завршил 0-0 на стадионот Кемпес во Кордоба.[50] Тој исто така играл и во вториот натпревар кој се одиграл 14 дена подоцна, во кој Бразил ја победил Аргентина со 2-0 на Олимпико до Пара во Белем. На 6 јули 2012 година, тој бил повикан во олимписката репрезентација за Летните олимписки игри 2012 во Лондон.[51][52] Одиграл четири натпревари на турнирот и постигнал еден гол против Нов Зеланд во групната фаза.[53] На крајот, Бразил го освоил сребрениот медал откако во борбата за златниот на 11 август биле поразени од Мексико со 2-1 на Вембли.[54][55] Во мај 2018, Данило бил повикан од селекторот Тите за својот прв турнир со сениорската репрезентација, Светското првенство 2018.[56] Сепак, тој играл (како стартер) само во првиот натпревар на репрезентацијата, ремито 1-1 против Швајцарија.[57] Подоцна, тој се здобил со повреда на 6 јули, ден пред четвртфиналниот судир со Белгија, со што бил надвор од комбинација за остатокот од турнирот.[58] На 19 ноември 2019 година, тој го постигнал својот прв гол за Селесао во победата со 3-0 против Јужна Кореја во пријателски натпревар.[59][60] Во ноември 2022 година, тој бил повикан од селекторот Тите во тимот што учествуваше на Светското првенство во Катар.[61] Хронологија на репрезентативните настапиСениорска репрезентацијаОлимписка репрезентација
Статистика на кариератаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 5 ноември 2019.
Репрезентативна статистика
Титули
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia