Караманли (Драмско)
Караманли (грчки: Τερψιθέα, Терпситеја)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 23 километри источно од градот Драма и на 22 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 764 метри. ИсторијаСелото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови. Во 1927 година, селото било преименувано во Терпситеја.[4] ДемографијаДо 1928 година во селото биле населени 154 бегалци од Турција.[5] Во 1928 година селото броело 154 жители, додека во 1940 година селото броело 253 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 217 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 135 жители, во 1971 година имало 68 жители, во 1981 година имало 41 жител, додека во 1991 година имало 83 жители[6]. Денеска, населението на селото е 67 жители според пописот од 2001 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia