Козлуќој (Драмско)
Козлуќој (грчки: Πλατανιά, Платанија)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 38 километри источно од градот Драма и на 17 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 373 метри. ИсторијаСелото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 900 жители Турци[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови. Во 1927 година, селото било преименувано во Платанија.[5] ДемографијаДо 1928 година во селото биле населени 945 бегалци од Турција.[6] Во 1928 година селото броело 945 жители, додека во 1940 година селото броело 1229 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1108 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 923 жители, во 1971 година имало 530 жители, во 1981 година имало 393 жители, додека во 1991 година имало 498 жители[7]. Денеска, населението на селото е 464 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia