Карши Чифлик
Карши Чифлик или Ќучук Чифлик (грчки: Ξάγναντο, Ксагнато)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 52 километри североисточно од градот Драма и на 3 километри северно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 252 метри. ИсторијаСелото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 110 жители од кои 50 Македонци и 60 Роми[4][5]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови. Во 1927 година, селото било преименувано во Ксагнато.[3] Кон 1928 година селото било целосно бегалско со 17 семејства и вкупно 72 лица[6]. ДемографијаВо 1940 година селото броело 148 жители, на пописот од 1951 имало 179 жители, 1961 година во селото живееле 160 жители, во 1971 година имало 73 жители, во 1981 година имало 41 жител, додека во 1991 година имало 95 жители[7]. Денеска, населението на селото е 43 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia