Караџаќој (Драмско)
Караџаќој (грчки: Θόλος, То̀лос)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 55 километри североисточно од градот Драма и на 5 километри северно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 320 метри. ИсторијаСелото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство. Според Јордан Н. Иванов името на селото произлегува од турското karaca(срна) [4]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 209 жители Турци[5]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови. Во 1927 година, селото било преименувано во Толос.[6] ДемографијаСпоред грчката статистика, во 1913 година во селото живееле 331 луѓе.[7] Во 1940 година селото броело 577 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 214 жители, во 1971 година имало 374 жители, во 1981 година имало 50 жители, додека во 1991 година имало 27 жители[8]. Денеска, населението на селото е 4 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia