Едренеџик
Едренеџик или Едирнеџик (грчки: Αδριανή, Адријани)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 11 километри источно од градот Драма и на 28 километри североисточно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 151 метри. ИсторијаОтоманско ЦарствоСелото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство. Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1884 година. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 500 жители Македонци, 450 Грци и 50 Роми[4][5]. Во периодот од 1902 до 1909 година учители во селото биле Александрос Целиос - секретар на револуционерниот комитет „Аминас“, и Александрос Лукас - член на терористичката група во Едирнеджик[6]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 250 Грци и работело грчко училиште со 2 наставници и 40 ученици[7]. ГрцијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови. Во 1927 година, селото било преименувано во Адријани.[8] ДемографијаДо 1928 година во селото биле населени 788 бегалци од Турција.[9] Во 1928 година селото броело 1741 жител, додека во 1940 година селото броело 124 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 126 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 108 жители, во 1971 година имало 63 жители, во 1981 година имало 38 жители, додека во 1991 година имало 28 жители[10]. Денеска, населението на селото е 13 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia