Претставниците на родот се претежно зелјести и повеќегодишни, со тоа што некои се едногодишни и двегодишни. Некои имаат облик на полугрмушки со дрвенести стебленца. Листовите се спротивставени, прости и линеарни со сивозелена до синозелена боја. Цветовите имаат по пет ливчиња со набрани рабови и (речиси сите) имаат светлорозова до темнорозова боја. Еден вид (D. knappii) има жолти цветови со виолетова средина. Извесни повеќегодишни видови имаат карактеристичен опоен мирис.
Ендемски каранфили во Македонија
Во Македонија виреат разни видови на каранфили, од кои некои се заеднички за поширокиот регион или континентот, но некои се ендемски:
скопски каранфил (Dianthus skopjensis ) — во клисурата на реката Треска, меѓу Козјак и Нова Брезница.[10]
Одгледување
Каранфилот има подолга историја на одгледување и вкрстување, па затоа постојат илјадници градинарски и цвеќарски сорти со многу нијанси на бела, розова, жолта и црвена боја и огромна разновидност на облици и белези. Одгледуваните каранфили можат да се поделат на обрабени, вечноцутни, малмезонски, старински, современи и планински.[11]