Карлос Бетанкур
Карлос Алберто Бетанкур Гомес (шпански: Carlos Alberto Betancur Gómez; р. 13 октомври 1989) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мовистар Тим.[1] КариераВо 2010 година ја освоил етапната трка Џиробио; аматерска верзија на Џиро д’Италија, а во 2011 година победил на Џиро дел’Емилија, негова прва освоена професионална трка. Бетанкур требало да се приклучи на екипата Ликвигас-Канондејл во 2012,[2] но останал со екипата Аква & Сапоне.[3] Бетанкур го напуштил Аква & Сапоне на крајот на сезоната 2012 и преминал во Аг2р-Ла Мондијал со двегодишен договор од сезоната 2013.[4] Аг2р-Ла Мондијал (2013–2015)Ја започнал сезоната во 2013 со седмо место на Трката околу Баскија, вклучувајќи го второто место на третата етапа.[5] Потоа продолжил да вози на арденските класици, завршувајќи трет на Флеш Валон по раниот напад на само 500 метри пред целта[6] и четвртото место на Лиеж-Бастон-Лиеж, каде со неговиот напад била создадена избрана група од шесторица кои се бореле за победа.[7] По 12. место на Тур де Романди, Бетанкур заминал на Џиро д’Италија. Отпрвин имал лоши резултати, откако изгубил време на спустот на третата етапа и на долгиот хронометар на осмата етапа, по кој бил на 28. место и 6 минути и осум секунди зад предводникот и крајниот победник Винченцо Нибали.[8] Меѓутоа, по вторите места на деветтата етапа,[9] десеттата,[10] и петнаесеттата,[11] и неколку други одлични резултати на други планински етапи, успеал да се искачи до седмото место и бил на само две секунди до носителот на белата маичка за најдобар млад возач (која всушност успеал да ја преземе на петнаесеттата етапа, но ја загубил на хронометарот на етапата 18) до претпоследната етапа. На последната планинска етапа, иако му се дупнала гума на последното искачување, успеал да ги достигне и да ги претекне повеќето соперници во генералниот пласман, завршувајќи четврти. Ја завршил трката како најдобар млад возач и петти во генералниот пласман.[12] Во декември 2013, Бетанкур потврдил дека ќе се насочи на Тур де Франс за 2014 година. Меѓутоа, пропуштил да дојде во Франција на 3 јуни, соопштувајќи дека има вирусна инфекција и ја променил неговата цел на Вуелта а Еспања.[13] Во август 2015 година, Аг2р-Ла Мондијал објавиле дека го ослободуваат од договорот со екипата, кој требало да трае до крајот на 2016 година.[14] Мовистар (2016–денес)Подоцна, во октомври Мовистар Тим објавиле дека потпишале двегодишен договор со Бетанкур од 2016 година.[15] Бетанкур ја освоил својата прва трка за екипата - првата етапа на Вуелта а Кастиља и Леон - завршувајќи го 760-дневното чекање за победа. Последна трка која ја освоил била Париз-Ница 2014.[16] Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[17] Достигнувања
Распоред на резултатите на етапните трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia