Тео Гејган Харт
Тео Гејган Харт (англиски: Tao Geoghegan Hart; р. 30 март 1995)[3] — британски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој моментално настапува за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.[4] Возел за Тим Скај како стажант кон крајот на 2015 година[5] и се приклучил на екипата постојано во сезоната 2017. Ја освоил Џиро д’Италија 2020, преземајќи ја маичката по завршниот хронометар.[6] Ран и личен животГејган Харт е роден во Лондон. Како најстар од четирите деца во семејството пораснал во Хакни, каде бил запишан во основното училиште Гејхрст.[7][8] Неговото семејство има шкотско и ирско потекло. Името Тео е ирска верзија на личното име на неговиот татко Том.[9] Играл фудбал до 12 години и бил голман.[10] Бил одгледан како вегетаријанец. Исто така, станал посветен пливач откако започнал средно училиште; на 28 јули 2008 година, кога имал 13 години, бил дел од пливачката штафета која го поминала каналот Ламанш. Екипата од шестмина го завршила пливањето за 11 часа и 34 минути.[11][12] [10] Гејган Харт научил да вози велосипед кога имал пет години[13] и го имал својот прв бемикс велосипед како младо момче. Изјавил дека бил восхитен кога присуствувал на прологот на Тур де Франс 2007 во Лондон како гледач.[14] Се здобил со сериозен интерес во велосипедизмот откако неговиот татко му купил половен женски велосипед спешалајзд долче кога имал 13 години.[10] Земал учество во велосипедската трка Данвич Динамо летото во 2008 година.[8] Во 2009 година, Тео присуствувал на почетокот на Тим Скај, приклучувајќи се на аматерската главна група зад Бредли Вигинс и Крис Фрум.[15][14][10] Исто така работел кај Кондор Сајклс таа година,[16] од каде добил велосипеди, тркала и облека.[17] Исто така бил спонзориран од лондонската компанија Рафа како млад возач.[18] Гејган Харт е обожавател на фудбалскиот клуб Арсенал.[19] Кариера![]() Откако започнал со трки во 2010 година, Гејган Харт се приклучил на развојната програма на британската федерација, привлекувајќи внимание за победа надвор и места на подиумот на трки, како што биле третото место на Париз-Рубе за јуниори.[20] Исто така ги освоил планинскиот, бодовниот и генералниот пласман на Џиро Интернационале дела Луниџана во 2013 година.[1] Во 2014 година, Гејган Харт возел за Развојната екипа Бисел на Аксел Меркс. Завршил трет на Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години и ја возел својата прва трка со ранкинг UCI 2. HC на Трката околу Калифорнија во мај пред да ја заврши втората на Трката околу Британија во септември, кога возејќи за британската национална екипа, завршил на 15. место во генералниот пласман.[1] Во 2015 година повторно завршил трет на Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години, осми на Тур Џила, 13. на Трката околу Калифорнија и седми на САД Про Сајклинг Челинџ, освојувајќи го пласманот за најдобар млад возач.[21] Возел како помошник за Тим Скај во 2015 година, но избрал да остане во сегментот под 23 години за сезоната 2016.[14] Во август 2016 година, Гејган Харт бил потврден од Тим Скај за сезоната 2017.[22] Во август 2018 година бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2018.[23] Во мај 2019 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2019.[24] На 18 октомври 2020 година, Гејган Харт ја освоил својата прва етапа на некоја голема трка, освојувајќи ја етапата 15 на Џиро д’Италија на алпската завршница на Пјанкавало. По чекорите на претходните победници Марко Пантани и Микел Ланда, Гејган Харт се одвоил од остатокот од групата со двоецот од екипата Санвеб, Џеј Хиндли и Вилко Келдерман, претекнувајќи го Келдерман на целта за да ја освои етапата. Резултатот го однел Гејган Харт до четвртото место во генералниот пласман на трката пред вториот ден за одмор.[25] На 24 октомври 2020 година ја освоил втората етапа на Џиро д’Италија, освојувајќи го второто место со исто време како предводникот и на последната етапа следниот ден завршил на 13. место на хронометарот со време со кое го освоил Џирото.[26][27] Со освојувањето на маичката на завршниот хронометар станал прв возач во историјата на Џиро кој ја освоил трката без никогаш да ја носи маичката во текот на трката.[28] Достигнувања
Распоред на резултатите на етапните трки
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia