Кајл Лаури
Роден и израснат во Филаделфија, тој одиграл две колеџ сезони на универзитетот Виланова, а потоа учествувал на НБА драфтот 2006 на кој бил избран како 24-ти пик од Мемфис Гризлис. Со оваа екипа ги одиграл својте први две сезони во НБА, а на средината на третата (февруари 2009) бил трејдуван во Хјустон Рокетс, од каде подоцна отишол во Торонто Репторс во летото 2012. За време на своите девет години поминати во дресот на Торонто Репторс тој важи за еден од главните играчи на клубот, со кои играл во конференциско финале, во сезоната 2015-2016, а подоцна ја освоил и титулата во НБА во сезоната 2018-2019. Како играч на Репторс, тој бил исто така 6-кратен НБА Ол-стар натпревар учесник. Со репрезентацијата на САД го освоил златниот медал на Олимписките игри 2016 во Рио. БиографијаРоден и израснат во Северна Филаделфија,[1] Кајл е еден од двата сина на неговите родители Мари Холовеј и Лони Лори постариот, заедно со Лони Џуниор, неговиот 5 години постар брат.[2] Неговиот татко се отуѓил од семејството кога Кајл имал околу седум години, оставајќи го него и неговите браќа и сестри да бидат одгледувани од неговата мајка..[3] Својот опстанок и благосостојба Кајл му го припишува на Лони Џуниор бидејќи се погрижил да не го следи истиот пат како неговите пријатели од детството кои повеќе не се живи, вклучително и да не дозволи Кајл да има тетоважи и пирсинг.[3] Неговиот брат, исто така, бил клучниот човек кој го научил како да игра кошарка, неговата најголема љубов која ќе му го промени животот. Средно училиштеЛори учел во средното училиште Кардинал Догерти во Филаделфија и играл како плејмејкер за кошаркарскиот тим на училиштето. Сметан за регрут со пет ѕвезди од Rivals.com, тој бил селектиран како бек бр. 6 и играч бр. 28 во САД во 2004 година.[4] КолеџКако бруцош на колеџот Виланова, Лаури бил номиниран во две категории Big East All-Rookie и Philadelphia Big Five Rookie of the Year. Во втората година, тој бил избран во All Big East Second Team.[5] На 27 февруари 2020, дресот со број #1 на Лаури бил повлечен од употреба во Виланова Вајлдкетс.[6] НБА кариераМемфис ГризлисЛаури бил избран како 24-ти пик од Мемфис Гризлис на НБА драфтот 2006. Своето деби во НБА лигата го направил на 1 ноември 2006 година, во поразот на домашен терен од Њујорк Никс со 117-118, забележувајќи солиден учинок од 6 поени, 10 скокови, 3 асистенции и 2 украдени топки. Тој се појавил во игра во 10 натпревари во неговата руки сезона пред да доживее скршеница на зглобот во натпреварот против Кливленд Кавалирс на 21 ноември 2006 година.[7] Тоа довело тој да биде подложен на операција која воедно го означила предвремениот крај на сезоната за него.[8] Лаури се вратил во акција за сезоната 2007-2008 и играл во сите 82 натпревари за Гризлис, бележејќи просечно 9,6 поени, 3 скока и 3,6 асистенции.[9] За време на сезоната 2008-2009, Лаури веќе се борел да биде стартен плејмејкер на Гризлис со неговиот добар пријател Мајк Конли Џуниор, со кој исто така го делеле времето кое го поминувале на паркетот. Во јануари 2009 година, Лионел Холинс бил назначен за главен тренер на тимот, а на Лаури му било кажано дека Конли ќе биде стартен плејмејкер на тимот. Незадоволен од својата улога во тимот по доаѓањето на Холинс, тој дури бил обвинет од некои лица во клубот за лошо влијание врз останатите играчи во ростерот, по што Лаури побарал да ја смени клупската средина и да биде разменет во некоја друга екипа.[10] Хјустон Рокетс![]() На 19 февруари 2009 година, Лаури бил разменет во Хјустон Рокетс во договор меѓу три екипи во кој биле вклучени Гризлис и Орландо Меџик.[11] Во Хјустон, Лаури почна да го цени туторството на неговиот нов тренер, Рик Аделман.[10] Со оглед на тоа што Рокетс успеале да се пласираат во плејофот во 2009, Лаури за првпат во кариерата играл во натпреварите од пост-сезоната. Во сезоната 2009–2010, Лаури бил користен како резервен плејмејкер за Арон Брукс.[12] На 18 декември 2009 година, тој забележал рекордни во кариерата 26 поени, 10 асистенции, шест скока и пет украдени топки во победата од 116-108 над Далас Маверикс.[13] На 30 јуни 2010 година, предвид истекот на неговиот договор, Рокетс предложиле квалификациска понуда, со што Лаури станал слободен агент.[14] На 13 јули 2010 година, тој ја прифатил понудата од Кливленд Кавалирс во вредност од 23,5 милиони долари за четири години.[15][16] Рокетс брзо ја изедначиле понудата, со што го задржале Лаури.[15] Во сезоната 2010-2011, Лаури стартувал во 71 од 75 натпревари на кои играл, а неговата репутација во лигата започнала да се зацврстува.[10] На 3 декември, тој постигнал рекордни во кариерата 28 поени и го израмнил својот најдобар резултат во кариерата од 12 асистенции во победата на Рокетс над Мемфис Гризлис со 127–111.[17] На 17 декември, во уште една победа над Гризлис, Лаури забележал 17 поени и поставил нов личен рекорд од 18 асистенции.[18] На 14 јануари, тој го изедначил својот максимум за сезоната од 28 поени во поразот од Њу Орлеанс Хорнетс по продолженија од 110–105.[19] На 16 февруари, тој постигнал рекордни во кариерата 36 поени во поразот со 114–105 од Филаделфија Севентисиксерс.[20] На 8 март, тој постигнал 32 поени и рекордни во кариерата седум тројки во поразот со 113-110 од Финикс Санс.[21] На 20 март, го забележал својот прва трипл-дабл во кариерата со 28 поени, 11 скока и 10 асистенции во победата од 110–108 над Јута Џез,[22] станувајќи само четвртиот играч на Рокетс од сезоната 2002-2003 кој забележал трипл-дабл.[23] Тренерот Аделман и Рокетс се разделиле по крајот на сезоната 2010-2-11, а Лаури првично имал судир на интереси со новиот тренер Кевин МекХејл.[10] Во сезоната 2011–2012, скратена на 66 натпревари поради локаутот, Лаури се појавил во игра во 47 натпревари - 38 како стартер, и пропуштил 16 натпревари во текот на март и април со бактериска инфекција која барала хоспитализација.[24][25] Во периодот кога Лаури бил надвор од теренот, резервниот плејмејкер Горан Драгиќ играл многу добро во негово отсуство, а Рокетс одлучиле да го разменат Лаури за да ги подобрат проблемите со ограничувањата на платата и да добијат драфт-пикови за време на вонсезоната.[10] Торонто Репторс![]() На 11 јули 2012 година, тој бил разменет во Торонто Репторс, во замена за Гари Форбс и иден пик од првиот круг.[26] Во својата прва сезона со обновениот тим на Репторс, тој го пропушти плејофот, откако тимот забележил 34 победи и 48 порази. Во вонсезоната, клубот како генерален менаџер го ангажирал Масаи Уџири, кој верувал во потенцијалот на Лаури уште од првиот ден, и го поттикнал да го промени својот менталитет и начин на игра, добивајќи совети и од својот ментор поранешниот НБА играч Чонси Билапс.[27] Сезоната 2013-2014, за Репторс започнала со скор 6-12, додека најдобриот стрелец на тимот Руди Геј не биде разменет. По размената, надежната ѕвезда Демар Дероузан и Лаури одлучуваат да не стапнат еден врз друг за лидерска улога, туку заедно да ги преземат "конците на тимот" во својте раце.[27] Репторс брзо стануваат еден од најдобрите тимови во Источната конференција, благодарение на игрите на Лаури и неговото лидерство на теренот. Регуларната сезона, тимот ја завршил на високото 3-то место во Конференцијата и 1-во во Атлантската дивизија, само за втор пат во историјата на франшизата. Во плејофот, тие биле елиминирани од Бруклин Нетс во натпреварот број 7, откако потенцијалниот шут за победа на Лаури бил блокиран од Пол Пирс.[28] И покрај горчливиот крај на сезоната, за Лаури тоа била најдобрата сезона во кариерата со 17,9 поени, 7,4 асистенции и 4,7 скока во регуларниот дел од сезоната и 21,1 поен, 4,7 асистенции и 4,7 скока во плејофот. Тој бил и водечки стрелец по постигнати тројки на тимот со 190 тројки во оваа сезона. Следната сезона (2014-2015) продолжува како и во претходната, при што Кајл се потврдил себеси како клучен играч, достигнувајќи го својот четврти трипл-дабл во кариерата како играч на Торонто, соборувајќи го претходниот рекорд на франшизата во сопственост на Дејмон Стадемаер со 3. Тој бил прогласен за играч на месецот во Источната конференција за декември 2014, со што станал вториот играч на Репторс кој ја добил оваа чест по Крис Бош. Одличните игри во текот на сезоната му носат селекција меѓу играчите избрани да учествуваат на Ол-стар натпреварот, појавувајќи се таму за првпат во својата кариера и тоа во почетната петорка на Источната конференција. На НБА Ол-стар викендот 2015, тој исто така учествувал и во натпреварувањето во вештини. Редовната сезона завршила со рекорд на франшизата од 49-33, а Репторс го освоиле 4-то место во конференцијата и 1-во во дивизијата. Во плејофот, тие разочарувачки биле елиминирани во првото коло, со убедлив пораз од Вашингтон Визардс со 4-0. Во сезоната 2015-16 Лаури продолжил со одличната форма, но пропуштил 18 натпревари поради повреда на зглобот. Во плејофот, Репторс успеале да стигнат до конференциското финале, во кое Лаури во просек постигнувал 20,2 поени,[29] но не успеал да ја спречи елиминацијата на својот тим од Кливленд Кавалирс со 4-2.[29] ![]() По завршувањето на плејофот, тој ја одбил понудата од 12 милиони долари која ја имал како опција во договорот за сезоната 2017-2018, станувајќи неограничен слободен агент. Во јули 2017, тој повторно потпишал за Торонто откако се договорил со клубот за 3-годишен договор во вредност од 100 милиони долари.[30][31] Во ноември 2017, тој ја надминал бројката од 6.581 поени на Андреа Барњани и станал четвртиот стрелец на Репторс на сите времиња откако постигнал 19 поени во поразот од Бостон Селтикс со 95-94.[32] На 8 февруари 2018 година, во победата од 113–88 над Њујорк Никс, Лаури ја надминал бројката од 11.000 поени во кариерата.[33] Трета година по ред бил учесник на Ол-стар натпреварот. Во плејофот Репторс повторно биле поразени во полуфиналето од Кливленд Кавалирс со 4-0. Во сезоната 2018-2019, Лаури со Торонто ја освоил својата прва НБА титула во кариерата. На патот до таму тој постигнал 30 поени, од кој седум тројки (личен рекорд во плејоф натпревар), во победата со 108-100 над Милвоки Бакс во првиот натпревар од финалето на Источната конференција. Во натпреварот 5 против Милвоки, Лаури го надминал Демар Дероузан (со 1.117 поени) како најдобар стрелец на франшизата во постсезоната.[34] Во шесттиот натпревар од НБА финалето против Голден Стејт Вориорс, Лаури постигнал 26 поени, 7 скока и 10 асистенции со кои им помогнал на Репторс да стигнат до решавачката победа и да ја освојат првата титула во историјата на франшизата.[35] Просечно за време на финалната серија Лаури бележел 16,2 поени, 4 скока и 7,2 асистенции. Мајами ХитНа 6 август 2021 година, Мајами Хит го довеле Лаури од Репторс во замена за поранешниот негов соиграч Горан Драгиќ и Прешес Ачиува.[36] Репрезентативна кариераСо репрезентацијата на САД, Лаури го освоил златниот медал на Олимписките игри 2016 во Рио, каде во просек бележел 5 поени и 3,3 скокови по натпревар.[37] Најмногу поени на турнирот, постигнал во полуфиналето против Шпанија - 9. Статистика
НБАРегуларна сезона
Плејоф
УспесиНБА
РепрезентативниНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia