Натпреварите на машкиот турнир се одиграле во Кариока Арена 1, која има капацитет од 16,000 гледачи, додека натпреварите на женскиот турнир се одиграле во Младинската Арена. Ова било прв пат машките и женските олимписки турнири да се играат во повеќе/засебни места.
Натпреварот за златниот медал во оваа дисциплина бил последниот натпреварувачки настан пред церемонијата на затворање на игрите.[2] Репрезентацијата на САД го освоила својот петнаесетти златен медал, откако ја совладале Србија, со резултат 96–66, во финалето,[3][4][5][6] што била победа со најголема разлика во натпревар за златниот медал, од Летните олимписки игри 1992.
Ждрепката била одржана во седиштето на ФИБА, познато и како „Куќа на кошарката“ во Мис, Швајцарија, на 11 март 2016 година. Бидејќи трите победника на Олимписките квалификациски турнири (ОлКТ) сè уште не биле познати, тие биле назначени како „ОлКТ 1“, „ОлКТ 2“ и „ОлКТ 3“.