Снежана Киселичка (р. 8 декември 1948 година во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.
Филмографија
Киселичка ги остварила филмските улоги:[1]
Животопис
Киселичка дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1971 година, како првата генерација дипломирани глумци заедно со: Ѓорѓи Колозов, Мајда Тушар, Гоце Влахов, Кирил Псалтиров, Соња Каранџуловска, Петре Арсовски, Лилјана Велјанова, Ацо Дуковски и Љупчо Петрушевски. Во 1973 година, таа се вработила во Македонски народен театар во Скопје и останала сè до нејзиното пензионирање во 2012 година. Таа е препознатлив лик од серијата „Македонски народни приказни“.
Нејзината ќерка Дубравка Киселички, и нејзината внука Пируника Киселички се исто така глумици.
Таа своите пензионерски денови ги поминува и ужива над градот Охрид, во село Велестово.
Театарски претстави
- Авдотја, во „Децата на сонцето", од Максим Горки, р. Илија Милчин, МНТ (1973).
- Хор, во „Славата и смртта на Хоакин Муриета", од Пабло Неруда, р. Владимир Милчин, МНТ (1976).
- Јован, во „Алексијада", од Богомил Ѓузел, р. Владимир Милчин, МНТ (1978).
- Алтернација, во „Бесови", од Албер Ками, р. Илија Милчин, МНТ (1978).
- Селанка, во „Чорбаџи Теодос", од Васил Иљоски, р. Ацо Алексов, МНТ (1978).
- Дуњашка, во „Женидба", од Н. В. Гогољ, р. Бранко Ставрев, МНТ (1979).
- Хор, во „Милион маченици", од Ристо Крле, р. Петре Прличко, МНТ (1980).
- Ќерката, во „Череп", од Назим Хикмет, р. Кемал Лила, МНТ (1980).
- Алтернација, во „Метаморфоза", од Франц Кафка, р. Душан Наумовски, МНТ (1982).
- Шпринце, во „Свирач на покривот", од Џери Бок, р. Владо Штефанчиќ, МНТ (1983).
- Доли пудла, во „Воена тајна", од Душан Јовановиќ, р. Душан Наумовски, МНТ (1984).
- Снегулка Снеголика, во „Сказна за сказните", од Афродита Кирјаковска, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје (1985).
- Слабата жена, „Гуштерица", од Александар Володин, р. Евгениј Лазаров, МНТ (1986).
- Анушка, во „Денови од нашиот живот", од Леонид Андреев, р. Васил Христов. МНТ (1989).
- Џуџето, во „Рекламна бајка", од Русомир Богдановски, р. Коле Ангеловски, МНТ (1989).
- „Вртимушка", од Афродита Кирјаковска, р. Афродита Кирјаковска, МНТ (1990).
- Алтернација, во „Зора на истокот", од Гордан Михиќ, р. Ацо Алексов, МНТ (1991).
- Сестра, во „Бунт во домот за старци", од Венко Андоновски, р. Бранко Ставрев, МНТ (1994).
- Селанка, во „Македонска крвава свадба", од Војдан Чернодрински, р. Сашо Миленковски, МНТ (1995).
- Третата госпоѓа, во „Жени во народно собрание", од Аристофан, р. Димитрие Османли, МНТ, (2004).
- Суфлер, во „Близок град", р. Миодраг Маѓар, МНТ (2006).
- Болничарка, во „Мара/Сад", од Петер Вајс, р. Васил Христов, МНТ (2008).
- Хор, во „Троил и Кресида", од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ (2010).
Наводи
|