Копачин Дол (албански: Kopaçindolli; Копачиндоли, локално Kapizhdoll; Капиждол) — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 907 жители.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Долни Полог, сместено по горниот тек на реката Суводолица во северните склонови на планината Сува Гора. Селото е во близина на автопатот Тетово-Скопје и во близина на селото се Групчин, Чифлик и Ново Село.
Историја
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 166 муслимани (Албанци).[2] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 36 куќи со 237 жители Албанци.[3]
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се: Стогодин (10 к.) поалбанчени Македонци. Они се староседелци во селото; Раман (16 к.), Сирчек (18 к.), Русталар (5 к.), Качер (1 к.) и Ајредин (1 к.) сите доселени од Албанија.[12]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2096 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
↑Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
↑Речник места у Ослобођеној области Старе Србије. Белград. 1914. стр. 140.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“