Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 18 километри југоисточно од Тетово. Селото лежи на горното течение на реката Суводилица, на северните падини на Сува Гора. Во близина на Ларце се селата Добарце и Чифлик.
Историја
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 138 муслимани (Албанци).[2] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 90 куќи со 562 жители Албанци.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.868 жители, од кои 5 Македонци, 1 Турчин, 1.859 Албанци, 1 Бошњак и 2 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.850 жители, од кои 1.804 Албанци и 46 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Во селото постојат избирачките места бр. 2100 и 2101 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Расино.[12]
↑Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
↑Речник места у Ослобођеној области Старе Србије. Белград. 1914. стр. 140.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“