Добарце
Добарце (албански Dobërca или локално Dëbërcë) — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Географија и местоположбаДобарце се наоѓа под падините на Сува Гора во горниот тек на Суводолица и е на надморска височина од 640 метри.[2] ИсторијаВо почетокот на ноември 1915 година, српската армија ја врши својата евакуација од Западна Македонија, и при своето поминување зад себе оставиле пустош, урнатини и изгорени села. Есента на 1915 година српската војска заминува од Тетово за Скопје и во местото наречено „Клисура“ - меѓу селото Желино и село Групчин, ја следеле крадци пеи некоја престрелка со оружје е убиен српски војник. Убиецот избегал во Добарце. Војската го следела и навлегла во селото. Бидејќи никој не кажувал кај се крие убиецот, српската војска почнала да ги убива сите мажи ви селото. Претежно биле набивани на бајонет. После тоа војската продолжила за Скопје и од сите мажи останале само двајца живи. Едниот не бил воопшто повреден, додека другиот имал рана од бајонет. Ден потоа било извршен погребот на лицата. Биле масакрирани 70 мажи, едно дете и неговата мајка. Сите биле жители на Добарце, освен еден кој бил од Горна Лешница.[3] СтопанствоЖителите на ова село се занимаваат со земјоделство. Карактеристична е да се напомене дека на овие полиња засеани со пченица се добива висок принос со високо ниво на квалитет. Друг дел од жителите на селото се вработени во странство. Население
Кон крајот на XIX век Добарце — село во Тетовската каза на Османлиското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов од 1900 год. Добарце е село, населено од 275 жители арнаути мохамедани.[4] Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Добарце — село во Желинската обштина (со центар во Сараќино) во Долнополошкиот срез и има 80 куќи со 434 жители албанци.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци.[6] Според пописот од 2002 година селото има 1.695 жители, од кои 1 Македонец, 1.692 Албанци и 2 останати.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.295 жители, од кои 1.209 Албанци и 86 лица без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
ЗнаменитостиВо селото се наоѓаа гробиштата на т.н. маченици кои биле жители на сделото. Тука постојат гробови на 72 луѓе кои биле погубени во 1915 година од страна на тогашниот српски режим. ИнфраструктураПатот кој води кон селото е асфалтиран. Тука со помош на општината Желино при воспоставување на браната се предизвикало штета на селото во самиот центар. Повеќето од селските сокаци се калдрмисани. Самоуправа и политикаОва село има основно четиригодишно училиште „Пашко Васа“, кое е подрачна единица на групчинското централно училиште. До селото се наоѓа и базата на македонската армија „Еребино“. Избирачко местоВо селото постојат избирачките места бр. 2093 и 2094 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13] На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.600 гласачи.[14] Култура и спортВо селото егзистира Фудбалски клуб ФК Добарце, кој е оформен на 30 септември 2007. Личности
ИселеништвоКако и кај сите македонски села со значител број на албанско население, така и кај Добарце е забележано масовно привремено иселување во западноевропските земји. Најголем дел се иселени во Германија, Швајцарија и Данска. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia