Рогле — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 566 жители.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Долни Полог. Мерово лежи на горното течение на Суводолица, на северните падини на Сува Гора. Селото е во близина на селото Ново Село.
Историја
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 135 муслимани (Албанци).[2] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 42 куќи со 263 жители Албанци.[3]
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
Качер (35 к.) потекнуваат од фисот Круја Зи во северна Албанија. Од старото место се иселиле тројца браќа и нивниот внук. Од нив едниот брат со внукот се населил во Рогле. Вториот брат преку Рогле се населил во Бојане, а третиот во кумановското село Слупчане. Овде се доселиле пред 200 години.
Шкрете или Мемете (1 к.) доселени се, но не знаат од каде. Имаат изумрени домаќинства.
↑Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
↑Речник места у Ослобођеној области Старе Србије. Белград. 1914. стр. 140.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“