Косевица — село во Општина Македонска Каменица , во областа Осоговија , во околината на градот Македонска Каменица .
Географија и местоположба
Косевица се наоѓа во областа Осоговија , на околу 8 км од Македонска Каменица . Селото е од разбиен тип и се состои од повеќе маала. Маалата во селата се познати како: Бошнаци, Грнчарска Маала, Горанска Маала, Караджовска Маала, Паровска Маала, Паунковска Маала, Врбачка маала, Пашите, Горна Река, Долна Река, Чутуранска маала и Чукарска Маала.
Историја
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна .[ 2]
Население
Население во минатото Година Нас. ±% 1948 330 — 1953 375 +13.6% 1961 384 +2.4% 1971 399 +3.9% 1981 349 −12.5%
Година Нас. ±% 1991 290 −16.9% 1994 321 +10.7% 2002 240 −25.2% 2021 161 −32.9%
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика “) од 1900 година, во Косевица живееле 175 жители, сите Македонци .[ 3] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne “), во 1905 година во Косевица имало 160 Македонци под врховенство на Бугарската егзархија .[ 4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци .[ 5]
Според пописот од 2002 година, селото Косевица има 240 жители, од кои 238 Македонци и 2 Срби .[ 6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 161 жител, од кои 133 Македонци и 28 лица без податоци.[ 7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година
1900
1905
1948
1953
1961
1971
1981
1991
1994
2002
2021
Население
175
160
330
375
384
399
349
290
321
240
161
Извор за 1900 г. : Македонија. Етнографија и статистика .[ 8] ; за 1905 г. : La Macédoine et sa Population Chrétienne .[ 9] ; за 1948-2002 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 10] ; за 2021 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 11]
Општествени установи
Во селото има основно училиште во коешто повеќе не се одржува настава.
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.
Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Каменица.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од истоимената општина.
Во XIX век, селото било дел од Малешевската каза на Отоманското Царство .
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 608 според Државната изборна комисија , сместени во просториите на основното училиште.[ 12]
На парламентарните избори во 2020 година , на ова избирачко место биле запишани вкупно 182 гласачи.[ 13]
Културни знаменитости
Археолошки наоѓалишта[ 14]
Галерија
Наводи
↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“ . Државен завод за статистика . Посетено на 22 декември 2022 .
↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF) .
↑ Васил Кънчов, Македония.Етнография и статистика, 1900, София
↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 140-141.
↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“ .
↑ „Попис на Македонија“ (PDF) . Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 март 2021 .
↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе... ).“
↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“ . Државен завод за статистика .
↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“ . Државен завод за статистика .
↑ „Описи на ИМ“ (PDF) . Посетено на 23 март 2021 .
↑ „Парламентарни избори 2020“ . Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 23 март 2021 .
↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија . II . Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286 .
Надворешни врски
Грб на Општина Македонска Каменица