Македонска Каменица
Македонска Каменица — град во источниот дел на Република Македонија. Се наоѓа во подножјето на Осоговските Планини на нивната јужна падина. Познат е како рударски град. Најпознатиот македонски рудник за олово и цинк Саса е во неговата непосредна близина. Како град е прогласен во 2004 година. Седиште е на истоимената општина, која зафаќа површина од 19.037 ха, има 9 населени места со вкупно 8.110 жители. Според пописот од 2021 година, градот има 4.368 жители. Потекло на иметоИмето Каменица потекнува од име на река, неговото занчење е „вода што тече во каменесто корито“. Во минатото името на селото е документирано во еден запис од 1566 година, како Камена Река,[1] од која потекнува и првиот познат македонски печатар Јаков, кој во 1566 г. печати свои книги во Венеција. ИсторијаЗа првпат Каменица се спомнува во турските записи, како село во 1570-1573. Градот е основан пред 1950 година, којшто во почетокот бил само населба за рударите, кои работеле во рудникот Саса. Во времето кога подрачјето било под српска власт, обновено е рударењето во старите римски рудници. Подрачјето го населиле рударски племиња Саси, кои се доселиле од Унгарија и Германија. Името на рудникот Саса е добиено по нив. Во XIV век, подрачјето влегува во состав на кнежевството на Константин Дејановиќ, по неговата смрт потпаѓа под турска власт. Во втората половина на XVI век се јавува ајдуштвото како форма на отпор, поради поволниот планински регион. Од подрачјето на Македонска Каменица позната е четата на војводата дедо Иљо Малешевски и Румена Војвода. Само 5 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2] ГеографијаМакедонска Каменица се наоѓа во источниот дел на државата, во јужното подножјето на Осоговските планини, во областа Осоговија. Преку градот течат реките Моштица и Косевичка Река, а во близина и реката Брегалница. Преку градот поминуваат магистралниот пат А3 и регионалниот пат Р1210, кои се врска со останатиот дел на државата и со рудникот Саса. Градот е оддалечен 24 километри западно од Делчево и 29 километри североисточно од Кочани. НаселениеВо 1570-1573 година во селото Каменица биле запишани 80 семејства и 59 неженети лица.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Каменица живееле 350 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Каменица имало 320 Македонци, егзархисти.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6] Градот има 2.437 поединечни домаќинства и 2.971 стан.
Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 5.147 жители и спаѓал во групата на мали градови.[7] Етнички гледано, населението е составено од:[8] Според последниот попис на населението во Македонија од 2002 година, градот имал 5.147 жители. Следува табела на националната структура на населението:[9]
Во градот се зборуваат следниве јазици[8]:
Во Македонска Каменица се застапени следните религиски групи[8]:
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Македонска Каменица:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Администрација и политикаИзбирачко местоВо градот постојат избирачките места бр. 609, 610, 610/1, 611, 611/1, 612 и 612/1 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[10] На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 4.272 гласачи.[11] КлимаКлимата во подрачјето на Македонска Каменица е умерено континентално-планинска. Врнежите се распоредени нееднакомерно. Градот има природно мешана шума од вид на даб, багрем и бор и квалитетна вода за пиење. Општествени установиОбразованиеВо Македонска Каменица има едно основно училиште ОУ "Кирил и Методиј", во чиј дел спаѓаат и подрачните училишта од околината, едно средно училиште СОУ „Миле Јаневски-Џингар“. Здравство
Верски објектиКултураГрадот има кино сала, која служи за сите поголеми културни случувања. Покрај ова, има и библиотека со 6.500 книги, Дом на културата и Центар за културно-уметничка издавачка дејност. Редовни настаниОд особено значење за градот е настанот „Каменичко културно лето“ кое се одржува секоја година и привлекува разни познати настапувачи. МедиумиМедиумски е покриен со една радио станица „Радио Македонска Каменица“ и кабловска телевизија „Кам-Сат“. СпортВо градот настапува ФК Саса, кој сега се натпреварува во втората лига, но во минатото била дел од првата македонска фудбалска лига. Градот има стадион со капацитет за 2.000 гледачи и градски парк. На 28 август 1984 година, во употреба е пуштен и олимписки пливачки базен, изграден од средствата од самопридонесот, свечено отворен од Ферчо Спасовски, претседател на месната организација на ССРНМ во Македонска Каменица. СтопанствоГлавна стопанска дејност на населението е рударството, покрај рудникот Саса, во градот работат и текстилни погони и цинкара. Од земјоделството застапено е собирањето на различни шумски плодови, габи, сечата на дрва за огрев и мебел, а во градот работат и повеќе продавници. Меѓу поголемите погони во Македонска Каменица се: „МИ-Саса“, „Цинкарна“, „Таматекс“, „Лука“ и „Текстил-М“. Личности
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia