Тодоровци се наоѓа во областа Осоговија, во јужниот дел на Општина Македонска Каменица. Селото е од разбиен тип и неговите маала се издигаат на надморска височина од 480-760 м. Селскиот атар зафаќа површина од 6,9 км2.[2] Од Македонска Каменица е оддалечено 7 км, а од Делчево 17 км.
Маалата во селото се познати како Тодоровци и Паламарска Маала.
Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на селскиот атар, шумите се простираат на површина од 558 ха, пасиштата се на површина од 327 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 119 ха.[2]
Доселеници:Митеве (4 к.) кои се доселени во 1904 година од селото Грљани кај Виница; Сасане (2 к.) кои се доселени во 1894 година од селото Тработивиште; Алексовци (2 к.) кои се доселени во 1894 година од селото Голак, југозападно од Делчево; Ивановци (3 к.) кои се доселени во 1894 година од селото Калиманци кај Виница; Ѓоргијовци (2 к.) кои се доселени во 1864 година од селото Костин Дол; Ајдарето (3 к.) кои се доселени во 1913 година од селото Саса; Ристовци (2 к.) кои се доселени во 1890 година од селото Драгобраште кај Виница; Грланци (4 к.) кои се доселени во 1878 година од селото Грљани; Паламарци (5 к.) кои се доселени во 1895 година од селото Илиово.[13]
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.
Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Каненица.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2021.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“