Моштица — село во Општина Македонска Каменица , во областа Осоговија , во околината на градот Македонска Каменица .
Географија и местоположба
Моштица се наоѓа во областа Осоговија , во северниот дел на Општина Македонска Каменица . Селото е планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 750-1.050 м. Селскиот атар зафаќа површина од 24,6 км2 .[ 2]
Маалата во селото се познати како: Павлиш Дол, Селиште, Влајковска Маала, Перчаучка Маала и Даловска Маала.
Историја
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна .[ 3]
Стопанство
Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на неговиот атар, шумите преовладуваат на површина од 1.278 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 570 ха, а на пасиштата 446 ха.[ 2]
Население
Население во минатото Година Нас. ±% 1948 538 — 1953 588 +9.3% 1961 512 −12.9% 1971 649 +26.8% 1981 642 −1.1%
Година Нас. ±% 1991 549 −14.5% 1994 606 +10.4% 2002 543 −10.4% 2021 497 −8.5%
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика “) од 1900 година, во Моштица живееле 420 жители, сите Македонци .[ 4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев , („La Macédoine et sa Population Chrétienne “) во 1905 година во Моштица имало 360 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија .[ 5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци .[ 6]
Според пописот од 2002 година, во селото Моштица живеат 543 жители, сите Македонци .[ 7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 497 жители, од кои 457 Македонци и 40 лица без податоци.[ 8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година
1900
1905
1948
1953
1961
1971
1981
1991
1994
2002
2021
Население
420
360
538
588
512
649
642
549
606
543
497
Извор за 1900 г. : Македонија. Етнографија и статистика .[ 9] ; за 1905 г. : La Macédoine et sa Population Chrétienne .[ 10] ; за 1948-2002 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 11] ; за 2021 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 12]
Општествени установи
Во селото работи подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“ , каде што се изведува настава до петто одделение. Освен тоа, во селото има и услужни објекти.[ 2]
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.
Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Каменица.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Косевица.
Во XIX век, селото било дел од Малешевската каза на Отоманското Царство .
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 614 според Државната изборна комисија , сместено во просториите на месната заедница.[ 13]
На парламентарните избори во 2020 година , на ова избирачко место биле запишани вкупно 470 гласачи.[ 14]
Културни и природни знаменитости
Коритото на Селска Река
Археолошки наоѓалишта[ 15]
Градиште — градиште од доцноантичко време;
Грамадје — населба, црква и некропола од доцноантичко време и среден век;
Кладенци — населба од доцноантичко време;
Павлин Дол — населба од доцноантичко време;
Полицеј — населба од доцноантичко време;
Равниште — тумул од железно време;
Станков Дол — тумули од железно време.
Реки
Галерија
Куќи во селото
Патот низ селото
Основното училиште
Селските гробишта
Наводи
↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“ . Државен завод за статистика . Посетено на 22 декември 2022 .
↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF) . Скопје: Патрија. стр. 202.
↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF) .
↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 229.
↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 140-141.
↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“ .
↑ „Попис на Македонија“ (PDF) . Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2021 .
↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе... ).“
↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“ . Државен завод за статистика .
↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“ . Државен завод за статистика .
↑ „Описи на ИМ“ (PDF) . Посетено на 26 март 2021 .
↑ „Парламентарни избори 2020“ . Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 1 април 2021 .
↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија . II . Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286 .
Надворешни врски
Грб на Општина Македонска Каменица