Лав IV Хазар
Лав IV (грчки: Λέων Δ΄), (25 јануари 750 во Цариград - 8 септември 780 во Цариград) бил византиски цар кој владеел во периодот од 741 до 775 година. Рани годиниЛав IV е познат како Лав IV Хазар. Тој бил син на византискиот царот Константин V Копроним од првата сопруга Чичак - Ирина Хазарска[1], потомка на хазарски владетел. Во 751 година малолетниот Лав бил крунисан од татка си за соцар и наследник. Тој бил свршен за ќерката на францускиот крал Пипин Малиот, но веридбата пропаднала. На 25 март 775 година Лав IV го наследил престолот откако неговиот татко починал[2]. УправувањеВо управувањето на Лав IV војниците на Византија биле ангажирани во судирите со Арапите во Сирија и Мала Азија, додека походите против Бугарите биле прекинати[3][4]. Лав бил оженет за Ирина, од која имал син, идниот Константин VI Слепиот, кој како свој наследник односно соцар го прогласил во 776 година[2]. Ова довело до неуспешен бунт меѓу цезарите, полубраќа на царот, кои биле замонашени и заточени во Херсон[5]. Во неговото кратко владеење било прекинато пргпнот на иконопочитателите[6][7]. Според зборовите на Теофан Исповедник "царот Лав за кратко време се покажал како побожен и љубител на Богородица и монасите. Не долго после до неговата смрт тој го изменил а тоа и го продолжи прогонството на иконопочитателите. Набргу потоа карбункули (антракс) ја покри неговата глаба по кое тгој се разболе и почина". (Теофан: 768; 772[8]) Причина за болеста, според Теофан, била неговата желба да ја поседува круната на Маврикиј, која била погребана заедно со телото на царот Ираклиј I. Круната била извадена од гробот и Лав, положувајќи ја на главата, добил труење. Според други верзии царот бил отровен, или веќе бил болен кога се качил на престолот[9] или, според легендата, починал поради треска предизвикана од проклетство[10] , откако зел скапоцен камен од икона во црквата Света Софија. Наводи
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia