Михаил V Калафат
Михаил IV Калафат, (грчки: Ζωή η Πορφυρογέννητη, о. 1015 г. - 24 август 1042 г.), бил византиски цар од Македонската династија кој владеел од 10 декември 1041 г. до 20 април 1042 г. Тој бил внук и наследник на Михаил IV и посвоен син на неговата жена, царицата Зоја. Тој бил познат по прекарот "Калафат", значејќи шупер, според занимањето на неговиот татко. Посвојување за престолонаследникПо сузбивањето на Делјановото востание, Михаил IV се вратил од Балканот тешко болен. Бидејќи неговата смрт можела да се очекува секој час, евнухот-брат Јован Орфанотроф се погрижил да ја зачува царската круна за своето семејство. Царицата Зоја се согласила да го посвои неговиот и царев внук Михаил, па тој бил прогласен за цезар и престолонаследник. Не чекал долго на царската круна зашто веќе во декември 1041 г. Михаил IV умрел.[1] ВладеењеМихаил V, наречен според некогашното занимање на својот татко - Калафат (шупер), брзо го окочал владеењето на пафлагонскиот дом. Прва негова жртва бил самиот Јован Орфанотроф. За да се ослободи од неговото туторство, Михаил Кафалат го испратил својот стрико во прогонство. Во заштита на омразениот евнух никој не застанал. Но кога, охрабрен од тоа, осилениот младич ја испратил в манастир и царицата Зоја, тоа било пресудно за да ја загуби круната. Против него сложно истапиле аристократијата и Црквата, потпирајќи се на династиските чувства на цариградското население. Приврзаноста но легитимноста на Македонската династија станала со времето толку силна што дури и Зоја и Теодора уживале наклонетост од Цариграѓаните. Михаил Калафат кој се осмелил да крене рака на царицата "родена во пурпур", бил симнат и ослепен на 20 април 1042 г.[1] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia