Тибериј III Апсимар
Доаѓање на властТибериј бил германски поморски офицер од областа Памфилија и веројатно првично бил именуван Апсимар[4] кој се издигнал на позиција на друнгариј на Кибирјанската тема.[5] Тој учествувал во неуспешниот поход за повторно освојување на Картагина во 698 година. Како адмирал Јован Патрицијот се повлекол од Картагина до Крит, флотата се побунила, го соборила и убила нивниот водач,[5] и о избрале Аспимар за негова замена.[6] Тој го менува своето име во Тибериј,[7] Апсимар испловил кон Цариград кој во тие моменти страдал од чума и го опсадил.[7] Неговиот бунт ја привлекол поддршката на Зелената фракција,[6] како и делови од копнената армија и царската стража, аи службеници кои му биле лојални и му ги отвориле портите од градот и го прогласиле за цар, по што неговите војски го пљачкосале градот.[7] Кога цврсто се воспоставил на власт, наредил на соборениот цар Леонтиј да му се отсече носот, и му наредил да се замонаши во манастирот Псаматион.[6] Леонтиј исто така го осакатил неговиот претходник Јустинијан II три години претходно.[4] Владеење и соборувањеКако цар, Тибериј III направи тактичка одлука да ја занемари Африка, каде Картагина дефинитивно била изгубена.[5] Наместо тоа, тој го назначил својот брат Ираклиј како моностратег на истокот, кој првично ги утврдил копнените и поморските одбранбени структури во Анадолија[6] пред да го нападне Омејадскиот калифат под водство на Абд ел-Малик, каде имал помали победи додека го ограбувал северот на Сирија во 700 и 701 година.[8] Тој подоцна нападнал и за одреден период окупирал територија во Ерменија, додек пак арапските угнетувачи во 703 и 704 година биле изгонети од Килкилија при што арапите имале тешки загуби.[6] Успехот во војувањето се постигнал на тој начин што Тибериј се обидел да ја зајакне воено империјата преку реорганизавија на асминистрацијата.[5] Тибериј тогаш своето внимание го насочил кон островот Кипар, кој бил недоволно населен од времто на владеењето на Јустинијан II.[1] Тој испратил пратеници до калифот на Дамаск, барајќи ги назад кипарските заробеници кој биле заробени во близина на Мраморното Море, и со тоа ги населил повторно во нивните родни места. Ја зајакнал одбраната на островот и истовремено го зголемил бројот на војниците во гарнизонот со војници од Таур.[1] Тој исто така ја преорганизирал и Кибирјанската тема[1] и ги поправил пморските ѕиддини на Консантинопол.[2] Дома, негово единствено познато дејство било протерувањето на Филипик Вардан, син на значааен патрициј, на островот Кефалонија.Филипик, иден цар, сонувал дека неговата глава е засенета од орел, нешто што Тибериј го проторкувал дека тој планирал бунт против него.[9] Во меѓувреме, во 704 година, Јустинијан II избегал од неговиот прогон во Херсон,[5] кај, Бусир Главан.[10] барајќи помош од казарите. Јустинија повел казарска армија во Цариград. За три денови, Јустинијан се обидел да ги убеди граѓаните на Цариград да ги отворат портите, но било залудно.[11] Во меѓувреме, неговите војски откриле одамна напуштен воден довод под градските ѕидини, низ кој Јустинијан и неколку од неговите поддржувачи успеале да влезат во градот.[12] Дознавајќи дека Јустинијан се приближил во Цариград во ноќта, Тибериј побегнал во Витинија каде успешно избегнувал да биде заробен неколку месеци.[13] Со неговото заробување, Тибериј, заедно со неговиот брат Ираклиј и претходниот цар Леонтиј,[2] биле парадирани во синџири низ градските улици и биле донесени пред Јустинијан на Цариградскиот хиподром.[13] Таму, пред навивачка публика, носот на Тибериј бил отсечен. Јустинијан ги ставил своите стапала над вратовите на Тибериј и Леонтиј на симболичен начин претставувајќи го покорувањето пред да нареди двајцата да бидат обезглавени.[5] Тиберовиот брат, Ираклиј, и многу од воените водачи кои биле под негова команда биле бесени последователно.[14] Наводи
ИзвориПрвични извориTheophanes the Confessor, Chronographia. Секундарни извори
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia