Теодор II Ласкарис
Теодор II Дука Ласкарис или Дука Ласкарис (1221/1222 – 16 август 1258) — цар на Никеја од 1254 до 1258 година. ЖивотТеодор II Дука Ласкарис бил единствениот син на Јован III и Ирина Ласкарина, ќерка на царот Теодор I и Ана Ангелина, ќерка на царот Алексиј III и Ефросина Дукина Каматерина. Теодор е роден кон крајот на 1221 или почетокот на 1222 година, веројатно на истиот ден кога неговиот татко бил прогласен за цар. Теодор II бил образуван од страна на Никиор Блемид кој му бил и старател,[2] и тој низ целиот свој живот се посветил на науката и уметноста. За разлика од првичните практики, Теодор II не бил крунисан за совладетел од страна на неговиот татко, но учествувал во раотата на владата од 1241 година.По смртта на Јован III на 4 ноември 1254 година, Теодор II бил прогласен за ца од армијата и дворот, но бил крунисан откако бил назначен нов патријарх, Арсениј, во 1255 година. Стапувањето на престолот на Теодор било искористено од страана на бугарите, кој ја нападнале Тракија под водство на младиот и неискусен Михаил II во 1255 година. И покрај своите интелектуални склоности, Теодор веднаш тргнал во марш кон бугарите и им нанел тежок пораз. За време на својата втор поход во 1256 година, тој успеал да склучи поволен мир со Бугарија, која најверојатно имала криза во водството на државата. Теодор продолжил по победата над Бугарија проширувајќи ја контролата на запад, каде ги освоил Драч и Сервија, со што успешно ги заобиколил неговите соперници во Епир. Внатрешно, Теодор претпочитал бирократи од средните класи наместо членови на големите аристократски семејства. Михаил Анголд делумно ова го објаснува како дел од неговиот карактер:
Предноста која Теодор им ја давал на обичните граѓани наишла на силно противење од страна на благородништвото насочено кон царот и неговите министри, големиот доместик Ѓорѓи Музалон. Спорот довел да биде прогонет еден од водачите на аристократката фракција, идниот цар Михаил VIII, кој бил обвинет за заговарање со Турците-селџуци. Насреде кризата, Теодоровите епилептични напади се влошиле,м и царот починал на 16 август 1258 година,[4] оставајќи го Ѓорѓи Музлон како регент за неговиот малолетен син Јован IV. СемејствоТеодор II Дука Ласкарис се оженил со Елена Асенина, ќерка на Иван Асен II во 1235 година, со која имал неколку деца:[5]
Заземајки го престолот и осакатувајќи го единаесет годишниот Јован IV, го онеспособил да стане цар, Михаил VIII Палеолог останатите три ќерки на Теодора ги омажил за италијански и бугарски странци,[7] и на тој начин се обезбедил дека нивните деца нема да бидат закана за претолот и неговите деца ќе бидат наследници. Станува збор за:
Наводи
Извори
Дополнителна литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia