Јосиф II (Свето Римско Царство)
Јосиф II (германски: Joseph Benedikt Anton Michael Adam, роден на 13 март 1741 во Виена — починал на 20 февруари 1790 во Виена) — владетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство и надвојвода на Австрија (1765-1790), крал на Хрватска, крал на Бохемија и крал на Унгарија (1780–1790). Рани годиниЈосиф II е роден во Виена како прв син на Марија Терезија, со која заедно управувал со Хабсбуршката Монархија и Франц I. СовладетелПо смртта на неговиот татко Франц I, кој бил избран за цар на Светото Римско Царство, Јосиф II заедно со својата мајка управувал со австриските територии на Хабсбуршката Монархија. Времето на нивното заедничко управување било опфатено со големи реформи, кои започнале со Седумгодишната војна. Во овој период во Западна Европа започнале да излегуваат просветителските идеи на француската филозофија од XVIII век. Просветителството добило на популарност во литературата но навлегло и меѓу владините кругови во Австрија. И покрај конзервативните ставови на Марија Терезија, Јосиф II застанал на чело на ова движење кое довело до олеснување на положбата на селаните, зацврстување на државната власт на штета на феудалните елементи и довело до распушање на редот на Језуитите. И покрај искрената љубов кон својата мајка, Јосиф во практика најдобрите години од својот живот ги поминал во тивка борба со неа, но имало примери и кога конфликтите значително се заострувале. Самостоен владетелДури по смртта на својата мајка во 1780 година, Јосиф станал целосно слободен за даги оствари своите реформски планови. Неговата цел претставувала идејата за воведување на просветен апсолутизам. Јосиф бил исклучително активен човек. Неговите безбројни патувања не претставувале триумфални прошетки низ неговите територии туку преку нив сакал да воспостави контрола. Јосиф продолжил да ја следи старата австриска традиција на зацврстување на внатрешната и надворешната моќ на државата преку бирократска централизација, обединување на монархијата и послушност на црквата. Јозеф II овозможил гласно дискутирање на тековните прашања во печатот како и отворена критика кон активностите на монархот (Закон за печатот од 11 јуни 1781 година). Религиозна политикаНа 13 октомври 1781 година Јосиф II издал едикт наречен „''Едикт за верска толеранција меѓу христијанските религии''“. Преку овој едикт, Јосиф ги затворил оние манастири и монашки ордени кои не го поддржувале народното просветителство. Црквата станала во голема мера зависна од државата и врските со Римската курија значително биле ограничени. Народното образование било ставено под контрола на државата. Католичката црква останала доминантна во Хабсбуршките територии, но следбениците на православието, лутеранството и калвинизмот добиле еднакви граѓански права. Од 1782 година било дозволено правото на избор на вероисповед. Селска реформаПреку своите реформи, Јосиф започнал напорна борба против феудализмот. Укинувањето на привилегиите на магнатите и аристократијата и воспоставување на еднаквост за сите граѓани пред законот претставувале главна задача на Јосиф II. Неговите службеници во дворот ги признавал единствено како сталеж кој требал да му служи. Хабсбуршката Монархија најпрвин го укинала кметството во Бохемија (1 ноември 1781 година), а потоа и во другите провинции.[1]. Неговата политика предизвикала општо незадоволство меѓу аристократијата. Феудалните слоеви правеле секакви обиди да ги забават реформите[2]. Посетата на папата Пиј VI требала да предизвика омекнување на неговите ставови кон реформите, но истото не се случило. Последни годиниПреку Руско-турска војна Јосиф II сметал дека ќе го подигне својот авторит. За таа цел тој помогнал на Русија во војната со сите сили, застанувајќи на чело на војската. По првичните воените неуспеси Јосиф смртноносно се разболел во време на походот и бил принуден да се врати во Виена каде починал на 20 февруари 1790 година, кога умира. СемејствоПрвиот брак на Јосиф II бил склучен во 1760 година со внуката на Луј XV, Изабела Пармска (1741-1763), исклучително интелигентна и остроумна, но со мрачен карактер. Од овој брак се родило едно дете:
По смртта на Изабела Пармска, Јосиф во 1765 година се оженил за Марија Јосиф Баварска (1739-1767). Таа починала по две години од сипаница. Со ова, Јосиф не оставил свои наследници, додека негов наследник станал неговиот брат Леополд II. Литература
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia