Франц I (Свето Римско Царство)
Франц I (француски: François Etienne, германски: Franz Stephan von Lothringen, роден на 8 декември 1708 во Нанси - починал на 18 август 1765 во Инсбрук) — владетел од Лотариншката династија како цар на Светото Римско Царство (1745-1765), надвојвода на Австрија (1740-1765), војвода од Токсана (1737-1765) и војвода од Лорена (1729-1737). Рани годиниФранц е роден во Нанси на 8 декември 1708 како втор син на војводата од Лорена Леополд (1679-1729) и неговата сопруга, француската принцеза Елизабета-Шарлота Орлеанска (1676-1744). Со австриските Хабсбурговци Франц Стефан бил поврзан преку неговата баба Елеонора, ќерка на царот Фердинанд III. Семејството на Франц Стефан одржувало исклучително добри односи со светиот римски цар КарлО VI, кој планирал да ја омажи својата ќерка Марија Терезија за постариот брат на Франц - Леополд-Клеменс, кој бил наследник на лотарингската круна. Леополд-Клеменс сепак починал во 1723 година. Така Франц Стефан станал наследник на Лорена и царот Карло VI решил да го ожени Франц Стефан за својата ќерка. Во 1723 година Франц заминал во Виена, каде бил под особеното покровителство на царот. Во Австрија, Франц Стефан станал владетел на Војводство Тешен. Во Австрија Франц останал 6 години до смртта на својот татко во 1729 година, кога официјално го наследил престолот на Лорена. Во 1732 Франц Стефан бил назначен за царски намесник во Унгарија. ВиенаЗа време на престојот на Франц Стефан во Виена меѓу него и Марија Терезија се родила љубов, но поради политичката ситуација во Западна Европа во почетокот на 30-тите години, планираниот брак бил под знак прашалник. Војната за полското наследство од 1733 година, војната против Франција и Шпанија и баварските претензии за австриската круна по смртта на Карло VI биле причина владата во Виена да планира двоен династички брак - Марија Терезија како наследничка на Австрија, Чешка и Унгарија требало да биде омажена за баварскиот принц додека нејзината сестра за Карло од Шпанија. Во 1735 година, по завршувањето на војната за полското наследство, царот Карло VI се согласил да го компензира францускиот кандидат за полската круна Станислав Лешчињски со Лорена, принудувајќи го Франц Стефан да се откаже од Лорена, во замена за Големото Војводство Тоскана, а неговиот брак со Марија Терезија повторно станал можен. Покрај тоа Франц Стефан бил назначен за управител во Холандија, а неговиот брат бил оженет за сестрата на Марија Терезија. Така на 16 февруари 1736 година Франц Стефан и Марија Терезија се венчале во Виена, по кое заминале да живеат во Фиренца, каде Франц станал наследник на последниот владетел од Медичи. ЦарВо 1740 година починал царот Карло VI, која според Прагматичната санкција од 1713 година го наследила престолот на Австрија, Чешка и Унгарија. На 13 септември 1745 година Марија Терезија го обезбедила престолот за својот сопруг. Марија Терезија била лудо вљубена во нејзиниот сопруг и му родила многу деца. Франц Стефан починал на 18 август 1765 година во Инсбрук. СемејствоФранц I со својата сопруга Марија Терезија имале 16 деца:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia