Фердинанд III (Свето Римско Царство)
Фердинанд III (германски: Ferdinand III, роден на 13 јули 1608 во Грац - починал на 2 април 1657 во Виена) — владетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство во периодот од 1637 до 1657 година, крал на Унгарија и крал на Хрватска (1625-1657), крал на Бохемија (1627-1657), надвојвода на Австрија (1637-1657). Рани годиниФердинанд бил најголемиот син на Фердинанд II и неговата прва сопруга Марија Ана Баварска. УправувањеПо доаѓањето на престолот во 1637 година, Фердинанд се надевал дека ќе склучи мировен договор со Франција и Шведска, но Триесетгодишната војна продолжила уште 11 години. Во негово време бил потпишан Вестфалскиот договор со кој завршила Триесетгодишната војна. Поради тешката ситуација од војната, Фердинанд во 1644 година им дозволил на германските владетели самостојно да ја водат својата надворешна политика. Преку овој потег Фердинанд сакал да стекне поголем број на сојузници, но ова од друга страна довело до слабеење на царската моќ. СемејствоНа 20 февруари 1631 година Фердинанд III се оженил во Виена за Марија Ана Шпанска (1606-1646). Таа била најмладата ќерка на Филип II и Маргарита Австриска. Тие воедно биле први братучеди, бидејќи мајката на Марија Ана била сестра на таткото на Фердинанд. Заедно имале шест деца:
Во 1648 Фердинанд се оженил во Линц за австриската надвојвотка Марија Леополдина (1632-1649). Таа била ќерка на австрискиот надвојвода Леополд V и Клаудија Медичи. Тие биле втори братучеди и имале еден син:
Во 1651 Фердинанд III се оженил во Виена за Елеонора Гонзага (1630-1686). Заедно имале 4 деца:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia