Мариго
![]() Мариго (француски: Marigot) е најголемото населено место и главен град на француската страна на островот Свети Мартин. НаселениеНаселението брои 5.700 жители[1] Географија и климаМариго е сместен на западниот брег на островот Свети Мартин. Се протега од брегот на запад по должината на заливот Мариго, а на исток до ридовите во внатрешноста на островот. На југоисток се граничи со Симпсоновиот Залив. СообраќајГрадот го опслужува меѓународниот аеродром „Принцеза Јулијана“ и аеродромот „Л'Есперанс“. Има и траект кој оди до Блоуинг Поинт во Ангвила. Историја и знаменитостиМестото првобитно било рибарско село крај мочуриштето, по кое е наречено. Во времето на Луј XVI, Мариго станал главен град по изградбата на утврдувањето Сен Луј на ридот близу заливот Мариго. Денес ова е најважниот објект во местото. Мариго е типично карипско место со шарени куќи и кафеани по тротоарите. Пазарни денови се среда и сабота. По пазарите се продаваат најразлични производи - од тропско овошје и зеленчук како кокос, авокадо, сладок компир, разни зачини, риба, па до локални ракотворби и облека. Во 1998 г, тука е сниман дел од филмот „Брзина 2“, кога бродот „Сиборн Леџенд“ се урива во островот. ПоврзаноНаводи
Надворешни врскиСвети Мартин - портал „Географија“ (англиски) |
Portal di Ensiklopedia Dunia