Орањестад (Свети Евстахиј)Оваа статија се однесува на за гратче на Свети Евстахиј. За главниот град на Аруба, погл. Орањестад (Аруба).
![]() Орањестад (холандски: Oranjestad) — главно и најголемо населено место на островот Свети Евстахиј во Карипска Холандија. Населението брои околку 1.000 жители.[1] Географија и описОва е пристанишно гратче, поделено на два дела: Долен и Горен (Lower Town и Upper Town). Долниот Град излегува на пристаништето и се состои од појасот крај самото море, со продавници за нуркачка опрема и разни рушевини од колонијално време. Во Горниот Град се наоѓа обновениот центар на стариот град и претставува средиште на стопанските дејности на островот. Во гратчето има бакалници, ресторани и барови, библиотека, неколку училишта, една клиника и зградите на управата. Има доста посетители од соседниот остров Свети Кристофер, кои доаѓаат да пазаруваат увозна стока по поевтини цени. Историски местаНајголемата знаменитост на Орањестад е тврдината Орање од XVII век во строгиот центар на градот, која е добро одржана и гледа кон морето. Изградена е на карпи кои се издигаат над брегот и има топови, целосно зачувани бастиони и воен двор. Во близина се наоѓа музејот, а недалку се и остатоците на една од најстарите синагоги на западната полутопка заедно со нејзините гробишта. Други забележителни градби се делумно срушената холандска реформистичка црква од 1755 г. како и разни обновени куќи на трговците и онаа на управникот (Gezaghebber), која важи за најстара. Тука има и обновени домови во карипски стил со дрвена градба. Дел од градбите од XVIII век со време биле проголтани од морето и истите можат да се видат само со нуркање. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
17°29′00″N 62°59′00″W / 17.4833°N 62.9833°W
|
Portal di Ensiklopedia Dunia