Ботом
![]() Ботом (англиски: The Bottom), изворно: Боте (холандски: Botte) — главно и најголемо населено место на островот Саба,[1] во Карипска Холандија. Во 2001 г. гратчето имало 462 жители[2] или околу една четвртина од населението на островот. Се претпоставува дека во 2012 г. овој број се накачил на 537 трајни жители.[2] ИсторијаНаселбата е основана во 1632 г од доселеници од холандскиот крај Зеланд, кои ја нарекле „Боте“ (De Botte), што на тогашен холандски значи „вангла“, поради котлинскиот карактер на местото, обиколено со планини. Денешното англиско име The Bottom е звучно прилагодено од изворното холандско. ГеографијаБоттом е сместен во југозападниот дел на островот, во подножјето на вулканската планина Маунт Синери, која со своите 877 м е највисокото место во Кралство Холандија. На 2 км на запад од Ботом се наоѓа единствената плажа на островот, во заливот Велс. На 1,5 км источно од гратчето е пристаништето на островот. УстановиГратчето има управни служби, болница, старечки дом, спортско игралиште, три цркви, библиотека, разни продавници и медицински факултет.[1] НастаниВо Ботом има разни настани во текот на годината. Лете се одржува неколкудневен карневал наречен „Карневал на Саба“, чии шаренолики поворки се придружени од музика со челични тапани и настапи на месни изведувачи. Друг поважен настан е Денот на Саба кога се затворени сите јавни установи и дуќани, а низ улиците има паради и други активности. На спортското игралиште се одржува концерт на кој настапуваат домашни музичари и групи од пошироките Кариби. За возрасните се приредува натпревар во риболов, а децата учествуваат во конкурс за најдобар цртеж. ПоврзаноНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia