Машка ракометна репрезентација на Фарските Острови
Машка ракометната репрезентација на Фарските Острови — сениорска репрезентација што ги претставува Фарските Острови на меѓународните ракометни натпреварувања, раководена од Ракометната федерација на Фарските Острови. ИсторијаВо јуни 2015 година, Фарските Острови се натпреварувале на ИХФ првенството за земји во развој, на кое победиле.[1] Две години подоцна, Фарските Острови ја одбраниле титулата на првенството, победувајќи ја Турција во финалето.[2] Фарските Острови обезбедиле учество на Европското првенство 2024 во Германија, кое било прво големо натпреварување за островската земја во својата историја. Со пласманот на првенството, Фарските Острови станале само втората земја (по Латвија во 2020 година) која се квалификувала на европско првенство откако претходно играла првенство за земји во развој. Тие завршиле на 20. место на конечниот поредок на првенството, забележувајќи два порази и реми против Норвешка. Меѓународни учестваСветски првенства
Европски првенства
ИХФ првенство за земји во развој
Моментален составСостав за Европското првенство 2024.[3][4] Тренер: Петер Бредсдорф-Ларсен Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia