Машката ракометна репрезентација на Португалија — сениорска репрезентација што ја претставува Португалија на меѓународните ракометни натпреварувања во машка конкуренција. Репрезентацијата е раководена од страна на Ракометната федерација на Португалија.
Меѓународни учества
Во својата историја, машката репрезентација на Португалија четири пати обезбедила пласман на светските првенства (1997, 2001, 2003 и 2021) и седум пати на европските првенства (1994, 2000, 2002, 2004, 2006, 2020 и 2022). Тие се пласирале автоматски на Светското првенство 2003 и на воведното Европско првенство 1994 како домаќин. Најдобар резултат на репрезентацијата на светските првенства е 10. место од Светското првенство 2021, додека пак на европките првенства најдобар резултат е 6. место постигнато на Европското првенство 2020.[1] Својот единствен настап на Летни олимписки игри, репрезентацијата го постигнала на Летните олимписки игри 2020 во Токио, каде што завршила на 9. место.
Олимписки игри
Светски првенства
Европски првенства
Година
|
Фаза
|
Место
|
Оди
|
Поб
|
Нер
|
Пор
|
ДГ
|
ПГ
|
1994 |
Групна фаза |
12 |
5 |
0 |
0 |
5 |
96 |
116
|
1996 |
Не се квалификувала
|
1998
|
2000 |
Групна фаза |
7 |
5 |
2 |
0 |
3 |
123 |
133
|
2002 |
Главна фаза |
9 |
6 |
2 |
0 |
4 |
181 |
204
|
2004 |
Групна фаза |
14 |
3 |
0 |
1 |
2 |
91 |
101
|
2006 |
Групна фаза |
15 |
3 |
0 |
0 |
3 |
80 |
96
|
2008 |
Не се квалификувала
|
2010
|
2012
|
2014
|
2016
|
2018
|
/ / 2020 |
5./6. место |
6 |
8 |
4 |
0 |
4 |
201 |
191
|
/ 2022 |
Групна фаза |
19 |
3 |
0 |
0 |
3 |
85 |
91
|
2024 |
Ќе биде одредено
|
/ / 2026 |
Ќе биде одредено
|
/ / 2028 |
Пласирана како ко-домаќин
|
Вкупно |
8/18 |
– |
33 |
8 |
1 |
24 |
857 |
932
|
Моментален состав
Состав за Светското првенство 2021.[2][3]
Тренер: Пауло Переира
Наводи
Надворешни врски