Рајна-РурЗа други значења на поимот, погл. Рајна-Рур (појаснување).
![]() ![]() ![]() Рајна-Рур (германски: Metropolregion Rhein-Ruhr) — најголема метрополитенска област во Германија со околу 11.000.000 жители. Тој е полицентричен по природа и единствен мегаград во Германија. Таа зафаќа површина од 7.110 квадратни километри и целосно се наоѓа во рамките на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Метрополитенската област Рајна-Рур се шири од Дортмунд-Бохум-Есен-Дисбург (Рур) на север, до урбаните подрачја на градовите Менхенгладбах, Диселдорф (покраински главен град), Вупертал, Келн (најголемиот град во областа и германскиот четврти најголем град) и Бон на југот. Локацијата на Рајна-Рур во срцето на европската „сина банана“ го прави добро поврзан со другите големи европски градови и метрополитенски области , како што се Амстердам и Рандстад, Фламанскиот дијамант и Франкфурт/областа Рајна-Мајна. Метрополитенската област е наречена по реките Рајна и Рур, кои ги дефинираат географските одлики на области и историски неговиот економски столб. ПоделбиПостојат многу различни поддефиниции на она што му припаѓа на областа Рајна-Рур, но метрополитенската област официјално има граници со Хам на исток, Менхенгладбах на запад и Бон на југ и малиот град Везел како своја најсеверна точка. Северната граница е слична со границата на Рурската област. Табелата подолу го покажува неофицијалниот збир на областите. Во официјалната дефиниција метрополитенската област е многу помала.
Евростат Urban Audit го дели Рајна-Рур областа во шест Поголеми урбани зони (ПУЗ). Овие шест урбани зони не ги покриваат градовите Ремшајд и Золинген, ниту округот Рајна-Нојс.
Градови со повеќе од 1.000.000 жителиГрадови со повеќе од 500.000 жители
Градови со повеќе од 100.000 жителиРурска област (Вестфалски дел)Бохум, Ботроп, Гелзенкирхен, Хаген, Хам, Херне, Изерлон, Реклингхаузен, Витен Рурска област (Рајнски дел)Дисбург, Мерс, Милхајм во Рур, Оберхаузен Бершки крајБершки Гладбах, Ремшајд, Золинген, Вупертал Рајнска долинаБон, Крефелд, Леверкузен, Менхенгладбах, Мерс, Нојс ЕкономијаИсториски гледано, поголемиот дел од Рур бил во најголем дел се одликува со тешката индустрија од времето на доцниот 19-ти и раниот 20 век. Од средниот век, Келн, Дортмунд и другите градови биле важни регионални трговски центри, но во текот на 19-от век градот Диселдорф постигнал голем пораст и станал администативен центар на областа, а од 1945 година и политички главен град. Денес, метрополитенската област Рајна-Рур изнесува околу 15% од БДП-то на германската економија и може да се постави како трет најголем БРП на метрополитенските области во Европската Унија и 16-ти најголем БДП во светот. И покрај оваа големина, областа Рајна-Рур често нема меѓународна конкурентност од недостатокот на единствена презентација, во која градовите и урбаните области во рамките на областа, често се занимаваат со посебна инвестициона политика едни против други.[17] Во рамките на областа, Диселдорф и Келн се далеку најголеми економски центри,[18] со специјализација во финансиите/високата технологија и осигурувањето/мултимедија услугите соодветно. Други поголеми економски центри се Бон, Дортмунд и Есен. Областа е дом на дванаесет[19] Форчн Глобал 500 компании, меѓу кои се Е.ОН АГ, Диселдорф; Deutsche Post AG, Бон; Метро АГ, Диселдорф; Deutsche Telekom AG, Бон; ThyssenKrupp AG, Есен/Дисбург; RWE AG, Есен; Бајер АГ, Леверкузен; Франц Ханиел & ГмбХ, Дисбург; Евоник Индустрија, Есен; Аркандор АГ, Есен; Хохтиф АГ, Есен и Henkel Group, Диселдорф. Сообраќај![]() Метрополитенската област може да се пофали со два меѓународни аеродрома Келн/Бон и Диселдорф и неколку регионални/домашни аеродроми како Дортмунд, Диселдорф/Менхенгладбах и Веце. Градот Келн, исто така, е поврзан со аеродромот Франкфурт со едночасовна железничка брза линија Келн-Франкфурт. Комерцијални аеродроми
Северна Рајна-Вестфалија ја има најгустата мрежа на аутобанови во Германија и Феркерсфербунд Рајна-Рур е регионалниот подземен железнички систем, кој ги поврзува сите градови и нивните локални У- и С-железнички системи (С-железница Рајна-Рур). Пристаниште Дисбург (Дуиспорт) и пристаниште Дортмунд се големите индустриски пристаништа во внатрешноста и служат како центри по Рајна и германскиот континентален воден транспортен систем. ТуризамНастаниОбласта е домаќин на бројни мега настани, составени од забавни саеми и културни настани како што се кенски и диселдорфски карневал, Келн Комеди Фестивал, Рурфестшпиле Реклингхаузен, РурТринале и Келн геј прајд, како и трговските саеми на Келнскиот саем - Келнски саем и Саем во Диселдорф. Со капацитет од над 20.000 луѓе, Келнарена и Вестфаленхален влегуваат во кругот на најголемите затворени арени во Германија. Областа е домаќин на осум фудбалски клубови, најуспешните меѓу нив се ФК Борусија Дортмунд, ФК Борусија Менхенгладбах, ФК Келн, ФК Шалке 04 и ФК Бајер Леверкузен. ЗнаменитостиНеколкуте туристички одредишта во областа привлекуваат над 12 милиони туристи годишно; Келнската катедрала, самата над 6 милиони туристи. Други поважни атракции се палатите Августусбург и Фалкенлуст близу Бон и Замок Бенрат близу Диселдорф, како и рудникот за јаглен и индустриски комплекс Цолферајн и други знаменитости на европскиот пат на индустриското наследство.
МузеиНРВ Форум, Уметничка галерија Северна Рајна-Вестфалија, Кунстхале Диселдорф, Музеј Кених, Музеј Лудвиг, Римско-германски музеј, Музеј Валраф-Рихарц, Неандерталски музеј и Германски музеј Бон се некои од најпознатите примери. ОбразованиеМетрополитенската област Рајна-Рур е дом на девет универзитети и преку 30 високи школи, со вкупно над 300.000 студенти. Најголемиот е најстариот универзитет е Келнскиот (Universität zu Köln), првично основан во 1388. Други универзитети се:
Општини![]() Следниве регистри ги покажуваат сите општини кои официјално припаѓаат на областа Рајна-Рур. Демографски, овие општини вклучуваат 20 градови (слободни градови (German: „Kreisfreie Städte“)), секој со повеќе од 100.000 жители и 11 окрузи (German: „Kreis“), секој со население со повеќе од 250.000 жители. Некои окрузи припаѓаат само делумно на областа Рајна-Рур. Во таков случај единствено општините кои припаѓаат на метрополитенската област се прикажани.
Поврзано
Наводи
Додатна литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia