Негреновци
Негреновци — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш. Селото е раселено и според пописот од 2002 година нема жители.[2] Географија и местоположбаСелото се наоѓа на западните падини на Смрдеш, на 7 километри северно од општинското средиште Конче. ИсторијаСелото во XIX век било дел од Радовишката каза на Отоманското Царство. Население
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 48 Македонци.[3] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото Негреновци имало 64 жители.[4] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[5] Селото е иселено во 1960-тите години, кога било целосно напуштено и оттогаш не било повторно населено. На пописот од 2002 година, селото немало жители.[2] Истото било повторно потврдено и на пописот од 2021 година. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957, селото било во рамките на тогашната општина Конче. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Конче, во која покрај селото Негреновци, се наоѓале и селата Габревци, Горни Липовиќ, Долни Липовиќ, Долни Радеш, Конче, Лубница и Ракитец. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Дедино, во која влегувале селата Горни Липовиќ, Долни Липовиќ, Дедино, Габревци, Негреновци и Ракитец. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia