Скоруша
Скоруша — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 11 жители[2], со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[3] Географија и местоположбаСелото се наоѓа меѓу Конечка Планина и Смрдеш во Општина Конче. ИсторијаАтарот на селото е населен уште од бронзеното време, за што сведочат наодите од наоѓалиштето Белата Лоза западно до селото. Селото во XIX век било дел од Радовишката каза на Отоманското Царство. Население
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 300 жители, сите Македонци.[4] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Скоруша имало 360 Македонци.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6] Според пописот од 2002 година, селото имало население од 11 жители, сите Македонци.[2] Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиСкоруша е македонско село. Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.[11]
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 припаѓало на тогашната општина Конче. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лакавица, во која покрај селото Скоруша, се наоѓале и селата Балталија, Брест, Гарван, Гарочино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на тогашната Општина Загорци, во која влегувале селата Гарван, Долни Радеш, Загорци и Скоруша. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1614 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница. Во ова избирачко место е опфатено и селото Долни Радеш.[12] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2 гласачи.[13] Културни и природни знаменитости
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia