Горна Враштица
Горна Враштица — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш. Селото е иселено и според пописот од 2002 година нема жители. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на северните падини на планината Смрдеш. Во близина на селото е Долна Враштица, од каде што и води земјен пат во должина од 3 километри, кој се приклучува на новоизградениот асфалтен пат околу езерото Мантово. Во 2013 година селото за првпат во своето постоење добило електрична енергија.[2] ИсторијаСелото во XIX век било дел од Радовишката каза на Отоманското Царство. Население
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 132 жители, сите Македонци.[3] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото Горна Враштица (Gorno-Vrachtitza) имало 176 Македонци.[4] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5] Селото било целосно напуштено на текот на 1970-тите години. Според пописот во 2002 година, селото Горна Враштица било целосно раселено и немало постојано население.[6] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиГорна Враштица било македонско село. Селата Горна и Долна Враштица ги основале двајца браќа многу одамна. Родовите во селото се сметаат за староседелци.[11] Според истражувањата од 1928 година, родови во селото:
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Ињево, во која покрај селото Горна Враштица, се наоѓале и селата Бучим, Воиславци, Дамјан, Дедино, Долна Враштица, Ињево, Погулево, Сулдурци и Топалница. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Ињево, во која влегувале селата Горна Враштица, Долна Враштица, Дамјан, Ињево и Погулево. Културни и природни знаменитости
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia