Никола Младенов
Никола Младенов (10 март 1964 — 26 март 2013) — македoнски новинар, актер, сопственик и главен уредник на неделникот „Фокус“, кој се смета за еден од најугледните новинари во Македонија, а заедно со своите колеги од весникот „Млад борец“ и за еден од основоположниците на плуралистичките правила во македонското новинарство.[2] Познат е по неговата вмешаност во аферата „Швајцарски сметки“ и судските процеси со поранешниот премиер на Македонија Хари Костов и поранешниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски. Во негова чест е именувана наградата за најдобра истражувачка сторија на годината што секоја година ја доделува македонскиот институт за медиуми. ЖивотописРани годиниНикола Младенов е роден во Скопје на 10 март 1964 година. Кариерата ја започнал како глумец, но веќе кон средината на 1980-тите се вработил како новинар во весникот „Млад борец“, орган на Сојузот на социјалистичка младина на Македонија, каде што се стекнал со углед и се афирмирал како предводник на демократските процеси во СР Македонија. Во него, тој отворил теми за луѓето коишто биле на т.н. „црни листи“ во македонското новинарство, а преовладува и автоцензурата и се критикува работата на комунистичката номенклатура. По работата во „Млад борец“, Младенов го основал радиото „Либертас“, а во 1995 година неделникот „Фокус“, којшто претставува прв слободен и независен седмичен весник во Македонија. Основното мото на неделникот било „Неделник на внатрешниот, а богами и надворешниот непријател“ и тој набргу прераснал во медиум на слободниот говор.[2] Летото 1998 година, Младенов бил претепан од непознати лица, а извршителите никогаш не биле пронајдени од полицијата.[3] Афера „Швајцарски сметки“Во декември 2005 година, во неколку изданија од неделникот „Фокус“ биле обелоденети информации во врска со поседувањето на тајни сметки во швајцарски банки од страна на тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски и поранешниот премиер Хари Костов.[4] Ваквите написи довеле до неколку судски процеси во врска со аферата, при што Младенов бил прогласен за виновен и соодветно му биле изречени парични казни во висина од 30.000 и 20.000 евра.[5] Имено, Младенов добил обвинение од поранешниот премиер на Македонија Хари Костов, за кого во „Фокус“ било објавено дека поседува сметки во швајцарски банки, коишто не ги пријавил во анкетниот лист додека бил премиер и министер за внатрешни работи. Пресудата била во корист на тужителот Костов, а на Младенов му била изречена парична казна по основ на 150 дневни глоби во вкупна вредност од 155.158 денари. Покрај тоа, делумно било прифатено и барањето за оштета од страна на Костов и обвнитетиот бил должен да му исплати уште 950.000 денари заради нанесена душевна болка и нарушена чест и углед. На донесувањето на пресудата не присуствувале ниту Младенов ниту неговиот адвокат, а адвокатот најавил дека истата е донесена под политички притисок.[6] Освен тоа, Младенов во неделникот „Фокус“ објавил и дека претседателот на државата Бранко Црвенковски поседува тајни сметки во швајцарски банки, за што добил обвинение со приватна тужба од страна на наклеветениот. Сепак, за време на судењето, тој тврдел дека се сомнева дека претседателот поседува сметка во швајцарската банка „American Express“ и дека основен мотив за тужбата е повредената претседателска суета. Младенов, исто така, ги отфрлил обвиненијата против него дека е создавач на фарсата и посочил дека се советувал со други лица пред текстовите да бидат објавени. Со изречената пресуда, Младенов бил осуден да плати 360 глоби од 15 евра, т.е. 335.000 денари, како и 25.000 евра на име нематеријална штета, коишто требал да ги уплати на лична сметка на лицето Бранко Црвенковски. Но, адвокатот на Младенов изјавил дека обвинението понатаму ќе биде поднесено и до Врховниот суд, а во краен случај доколку не биде прифатено и до Судот за човекви права во Стразбур.[7] Како одговор на тужбите поднесени против него, Младенов побарал 100.000 евра отштета од Хари Костов за клевета изречена против него во весникот „Неделно време“ во врска со случајот, како и отштета во ист износ од Бранко Црвенковски поради неговата изјава дека весникот „Фокус“ фалсификувал документи во врска со аферата со швајцарските сметки. Но, за време на двете судски рочишта, Младенов не се појавил во судницата.[8][9] Други тужби против МладеновНикола Младенов бил противник на промените во македонското законодавство според кои и сопствениците на медиуми се вовлечени во судски спорови за навреда и клевета заедно со новинарите и уредниците, и присилени да плаќаат огромни казни. Според изјавата на неговата сопруга и директор на „Фокус“, Билјана Младенова, во моментот на неговата смрт против весникот, а со тоа и против Младенов како издавач, биле активни „три тужби од по 25.000 евра“.[10] Во јавноста постојат податоци дека подносител на една од тие тужби е Сашо Мијалков,[11] а на друга Срѓан Керим.[12] Смрт и реакцииМладенов загинал во сообраќајна несреќа на влезот од Скопје, ноќта на 26 март 2013 година. Несреќата се случила во близина на клучката кај скопската населба Хиподром, каде што на последниот свиок пред влезот во Скопје, управувајќи со своето возило од марката Мерцедес-Бенц излетал од патот и по неколку превртувања загинал на местото на настанот.[13][14][15] Имено, тој се враќал од Велес кон Скопје и управувал сам со возилото, а неколку часа пред случувањето на несреќата телефонски разговрал со своите најблиски. Но, некаде по 22 часот веќе не можеле да се воспостават никакви повици со него и оттогаш му се изгубила секаква трага.[14] Следното утро случајот бил пријавен во полиција од страна на неговата сопруга и по два часа истрага, полицијата го пронашла автомобилот со помош на сигналот што пристигнувал од мобилниот телефон на настраданиот.[1] Според некои сознанија, превртениот автомобил надвор од патот бил забележан уште за време на ноќта од страна на случаен минувач, кој забележал дека од возилото доаѓаат слаби светла.[13] По извршената обдукција, како причина за смртта се наведува внатрешно крварење коешто настанало откако настраданиот имал силен удар со градите во воланот.[16][17][18] Реакции со сочувство за смртта на Младенов биле упатени од страна на Здружението на новинари на Македонија, поединечно од неговите колеги-новинари, а сочувство до семејството на загинатиот било изразено и од страна на Амбасадата на САД во Македонија. Соопштението објавено од страна на Здружението на новинари го содржел следниов текст:
Во соопштението, пак, упатено од страна на Амбасадата на САД било наведено следново:
Некои од реакциите упатени од страна на неговите колеги биле следниве:
- Соња Крамарска - „Утрински весник“.
- Биљана Секуловска - „ТВ Нова“.
- Катерина Цаневска - „А1 Он“. На 28 март 2013 година, во Скопје била одржана спомен-седница во чест на загинатиот, на којашто присустввувале членови на семејството на Младенов, соработници, новинари, јавни личности од општествениот живот и странски дипломати, а говор со сочувство одржале неговата сопруга Билјана Младенова, претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани и уште неколку други новинари од Македонија.[23] Младенов бил погребан истиот ден на градските гробишта Бутел во Скопје.[24] Посмртни признанијаМакедонскиот институт за медиуми одлучил во чест на Никола Младенов да ја именува наградата за најдобра истражувачка сторија на годината, која се доделува од 2001 година, да го носи името Награда за најдобра истражувачка сторија на годината „Никола Младенов“.[25] Изјави на Никола МладеновЗа време на својата работа во „Фокус“, Младенов напишал 910 уводници, во кои дал голем број антологиски изјави, како:[26] „...не можеме ни да сонуваме за власт, која го нема благословот од меѓународната заедница.“ (мај 2003) „Америка на усните, Русија на срцето... Евра во џебовите!“ (октомври 2003) „...тоа не значи дека секој наш став бил единствено исправен или безгрешен, меѓутоа, неспорно е дека тој став бил НАШ и дека до него сме дошле со помош на сопствениот ум, а не по налог на кој било моќник...“ (мај 2006) „Се разбира дека ќе ја платам цената што ми е одредена како услов за мојата слобода. Прашање е, само, дали Македонија и натаму ќе може да ја плаќа цената задоволување на суетите на моќниците, кои цели шест децении не дозволуваат таа да стане нешто повеќе од темен балкански вилает?“ (мај 2006) „Не бива така. „Фокус“ не е драгстор, па секој да си го зема само тоа што сака од него“ (септември 2009) „... од дното не може да нè вади оној што нè донесе до него“. (јули 2009) „Значи, работава е врвка. Со земјава владее гарнитура, која во нормални држави не би имала право ниту да бира, а камо ли да биде бирана.“ (септември 2010) „Ние сакаме општество на слободни луѓе, кое нуди еднакви шанси за сите, тие сакаат збирштина од безрбетници, кои успеваат благодарение на слепата послушност на партиското племе. И тука - нема компромис!“ (16 ноември 2011) „Зар навистина има потреба од објаснување дека „Фокус“ бил и останал критички расположен кон секоја власт, која порано или подоцна губела контакт со реалноста?“ (јули 2012) „Тешко на државата чиј Претседател служи само за фаќање врски на граѓаните кои сакаат прием кај Премиерот!“ (октомври 1999) „Кај не може пропагандата, презема пендрекот, доколку парите претходно не завршиле работа. Навидум, сè е доведено до перфекција. Власта гази сè пред себе како машина која има лек за секоја пречка на патот. Со тоа практично е постигната целта на секоја авторитарна власт.“ (22 март 2013) ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia